Израел масовно тестира деца на антитела пред почетокот на учебната година

Израел започна тестирање на деца на возраст меѓу три и 12 години за антитела на SARS-CoV2, сакајќи да испита колку развиле имунитет на коронавирус без вакцини пред почетокот на учебната година.

И покрај зголемениот број на новозаразени со делта сојот, израелската Влада инсистира дека сака да избегне повторно затворање на училиштата.

Израел веќе започна да вакцинира деца на возраст од 12 и повеќе години.

Националното серолошко истражување се фокусира на деца на возраст од три до 12 години, кои, поради нивната возраст засега не можат да примат вакцина, а нивната бројка во Израел изнесува 1,5 милиони.

Целта е да се открие колку деца развиле силна заштита од антитела откако го совладале вирусот без симптоми, соопшти Министерството за образование.

Децата со доволно количество на антитела нема да мора да бидат ставени во карантин по контакт со заразени лица.

Во вчерашното соопштение, градоначалникот на Ерусалим, Моше Леон, ги повика родителите да ги донесат своите деца на бесплатен 15-минутен тест што се прави со вадење крв од прст.

Истражувањето е спроведено заедно од министерствата за здравство и за образование и од армијата.

Пилот програмата спроведена минатата недела, која беше главно фокусирана на православните еврејски заедници, покажа дека околу една петтина од децата развиле антитела, објави военото радио.

Генералниот директор на Министерството за образование, Јигал Словик, минатиот месец истакна дека затворањето на училиштата минатата година предизвикало „емоционална и социјална штета“ кај учениците.

Израел беше една од првите држави која започна со вакцинирање на населението минатиот декември, постигнувајќи договор со Pfizer за набавка на милиони дози вакцини во замена за споделување информации за нивната ефикасност.

Таа кампања беше поздравена како успешна бидејќи драстично го намали бројот на заразени, но Израел повторно регистрира илјадници нови случаи дневно.

Израел сега нуди и трета доза вакцина за сите лица постари од 40 години, паралелно повикувајќи ги оние кои не се имунизирани да го сторат тоа.

Досега, повеќе од 5,4 милиони од речиси 9,3 милиони луѓе во Израел се вакцинирани со две дози, а 1,2 милиони жители ја примиле третата доза.

Тагови
реклама

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Свет

Украина не го доби она што најмногу го сакаше од Американците

Read more

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Read more

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Read more

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Read more
 

Вести

Народната банка ја додели Годишната награда за млади истражувачи за 2024 година

Читај повеќе

Уапсен дилер од Штип, пронајдена дрога и голема сума пари

Читај повеќе

27 април 1952, роден е Горан Стефановски

Читај повеќе

Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка

Читај повеќе

СДСМ: 27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ

Читај повеќе

Нови 27 случаи на голема кашлица, најмногу во Скопје

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: СДС коваат две сценарија –бојкот на избори или влада со ДУИ

Читај повеќе

Променливо време со температури до 23°C, затоплување од понеделник

Читај повеќе

Украина не го доби она што најмногу го сакаше од Американците

Читај повеќе