Извештај: Кон соборениот украински авион во Иран се испукани две ракети

Техеран, 21 јануари 2020 (МИА) – Две ракети се испукани во правец на авионот Boeing 737 на украинската авиокомпанија „Украински меѓународни линии“, соборен во близина на Техеран на 8 јануари од страна на иранските ВВС. Тоа се вели во прелиминарниот извештај од истрагата на Иранската организација за цивилно воздухопловство.

„Инспекторите се здобија со пристап до информациите на Генералштабот и откриле дека биле истрелани две ракети М1-ТОР од север во правец на авионот“, се вели во извештајот.

„Ефектот од тоа лансирање на ракетите врз инцидентот со авионот и анализата на тие активности е во процес на истрага“, се вели во извештајот.

Иран призна за уривањето на авионот на 11 јануари. Тогаш началникот на корпусот на Исламската револуционерна гарда, Амир Али Хаџизаде, презеде целосна одговорност за инцидентот, но рече дека станува збор за само една ракета со мал дострел што била истрелана на 8 јануари во правец кон авионот.

Иран, во меѓувреме, соопшти дека побарал од САД и Франција опрема за информациите од црните кутии на украинскиот авион. Техеран изјави дека сè уште не добиле позитивен одговор на барањето.

Барањето е упатено до Националната служба за безбедност на транспортот на САД и до француското Биро за истраги и анализи, соопшти Иранската организација за цивилно воздухопловство. 

реклама

Свет

Кремљ: Мешањето на силите на НАТО во украинскиот конфликт – огромна опасност

Read more

Авион на Boeing без предни тркала безбедно слета во Истанбул

Read more

Популарноста на Америка во светот опаѓа, а на Русија и на Кина расте, покажува истражување

Read more

Масивен ракетен напад врз Украина, Зеленски: Светот не смее да му даде шанса на новиот нацизам

Read more
 

Вести

Касами слави во Тетово: Од утре почнуваат преговори за нова влада помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ВЛЕН

Читај повеќе
  • play_arrow

Ковачевски му честита на Мицкоски: Резултатот е разочарувачки, на СДСМ му е зададен тежок удар

Читај повеќе
  • play_arrow

Силјановска: Ќе бидам претседателка на сите граѓани, не е време за поделби и триумфализам

Читај повеќе

Прелиминарни резултати по мандати: ВМРО-ДПМНЕ има 59 пратеници, Левица 6, ЗНАМ 5

Читај повеќе
  • play_arrow

Пендаровски: Резултатите се јасни, им честитам на победниците

Читај повеќе

Меџити: Али Ахмети од денеска е најголемиот политички губитник

Читај повеќе

На 51% пребројани гласови Силјановска води 136 илјади пред Пендаровски

Читај повеќе
  • play_arrow

Левица обвини за нерегуларности кои сериозно го нарушуваат демократскиот процес

Читај повеќе

Груби ги бојкотираше претседателските избори

Читај повеќе