Извештај на ЕК: Парламентот прави несоодветна употреба на процедурата за европското знаменце

Парламентот и Владата се обврзаа да почнат и да ги спроведат како приоритет релевантните уставни измени со цел во Уставот да се вклучат граѓани што живеат во границите на државата и кои се дел од други народи, како Бугарите. Ова се наведува во извештајот на Европската комисија за напредокот на Македонија, при што се додава дека процесот на преговори за пристапување во ЕУ бара широк консензус од политичките партии.

Европската комисија во извештајот нотира и дека работата на парламентот била нарушена со политичка поларизација, која дополнително е продлабочена одложувајќи го усвојувањето на многу реформски закони и важни именувања.

Во некои случаи, како што се наведува, има прекумерна, а понекогаш и несоодветна употреба на брзите процедури и на процедурата за европското знаменце, кое треба да се користи само ако е поврзано со усвојувањето закони за усогласување со правото на ЕУ, а не за кратење на јавната дебата за важни прашања.

Критики има и во делот на правосудството, корупцијата и администрацијата, каде што не е нотиран напредок, а земјата е пофалена дека има добар напредок во целосната усогласеност со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ.

Претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен, денеска на прес-конференцијата во Брисел истакна дека историјата на проширување е успешна економска приказна, без преседан, а истовремено е и инвестиција во безбедноста на ЕУ бидејќи интегрирањето нови членки ќе ги заштити од странски мешања и ќе го стабилизира европското соседство.

Тагови
реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Read more

Македонија

Лимани: Судот ја прифати жалбата на ВРЕДИ за бугарскиот воз во Липково, се докажа изборниот инженеринг на ДУИ

Read more

Османи: Со Рамковниот договор неопходни се две мнозинства за формирање Влада – парламентарното од 61 + Бадентеровото

Read more

Мојсоска: На 8 мај младите ќе стават крај на истрошените елити кои немаат што да понудат

Read more

Без струја дел од корисниците на Волково и Кучково

Read more
 

Вести

Втор свиркач на Boeing почина во период од два месеца

Читај повеќе

Пет скелети најдени под нацистичкиот бункер Волчјо дувло

Читај повеќе

Лимани: Судот ја прифати жалбата на ВРЕДИ за бугарскиот воз во Липково, се докажа изборниот инженеринг на ДУИ

Читај повеќе

Над 150 пијани возачи затекна полицијата на 1 Мај

Читај повеќе

Османи: Со Рамковниот договор неопходни се две мнозинства за формирање Влада – парламентарното од 61 + Бадентеровото

Читај повеќе

Јапонски аеродром не изгубил ниту еден багаж за 30 години работа

Читај повеќе

Вердиевата спектакуларна опера Трубадур на 11 мај на Мајските оперски вечери

Читај повеќе

Мојсоска: На 8 мај младите ќе стават крај на истрошените елити кои немаат што да понудат

Читај повеќе

Кулеба: Повеќе од половина од енергетскиот систем на Украина е оштетен во нападите на руските сили

Читај повеќе