Извлечени групите за ЛШ: Сити ја доби Барса, Атлетико повторно против Баерн

УЕФА во Монте Карло вчера ги извлече групите за Лигата на шампионите во сезоната 2016/2017. Актуелниот првак Реал одбраната на титулата ќе ја започне во Ф групата, во конкуренција на Дортмунд, Спортинг и Легија.

Жрепката во Монако беше немилосрдна за Пеп Гвардиол, кој со Манчестер Сити ќе игра против својот поранешен клуб Барселона. Овие два тима се во Ц групата која заедно со Д групата можат да го носат епитетот „група на смртта“.

Барса и Сити за ривали ги добија Менхенгладбах и Селтик, а во Д групата се Баерн, Атлетико, ПСВ и дебитантот Ростов.

Вториот дебитант Лестер доби група по мерка и е со реални шанси за пласман во осминафиналето. Лестер ќе игра против Порто, Бриж и Копенхаген.

Група А: ПСЖ, Арсенал, Базел, Лудогорец 

Група Б: Бенфика, Наполи, Динамо Киев, Бешикташ 

Група Ц: Барселона, Манчестер Сити, Борусија Менхенгладбах, Селтик

Група Д: Баерн, Атлетико Мадрид, ПСВ Ајндховен, Ростов 

Група Е: ЦСКА Москва, Баер Леверкузен, Тотенхем, Монако

Група Ф: Реал Мадрид, Борусија Дортмунд, Спортинг Лисабон, Легија Варшава 

Група Г: Лестер, Порто, Бриж, Копенхаген

Група Х: Јувентус, Севилја, Лион, Динамо. 

реклама

Фудбал

Тиаго Силва потпиша за Флуминенсе, доаѓа во јули

Read more

Шампионската титула на Реал ќе му биде врачена зад затворени врати

Read more

Борусија во Париз по 11 години бара пласман во ЛШ финалето

Read more

Кој ќе го замени Жиру во Милан?

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Тиаго Силва потпиша за Флуминенсе, доаѓа во јули

Читај повеќе

Шампионската титула на Реал ќе му биде врачена зад затворени врати

Читај повеќе
  • play_arrow

Вембанјама едногласно избран за најдобар дебитант во НБА

Читај повеќе

Борусија во Париз по 11 години бара пласман во ЛШ финалето

Читај повеќе
  • play_arrow

Чарлс Баркли го отпиша Јокиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Кајрен Вилсон за прв пат во кариерата стана светски шампион во снукер

Читај повеќе

Кој ќе го замени Жиру во Милан?

Читај повеќе

Димитријевиќ од следната сезона ќе игра во Евролигата

Читај повеќе

Јунајтед три недели ќе биде без Мегваер

Читај повеќе