Од страна на седум инспекциски служби

Извршени 2.608 надзори и контроли, затворени пет угостителски објекти

Вкупно 2.608 надзори и контроли по основ на почитување на здравствените протоколи и материјалните закони се извршени од 4 до 10 јануари, од страна на седум инспекциски служби. Затворени се пет угостителски објекти.

При тоа, како што соопштија од Владата, се забележува дека и понатаму се намалува бројот на издадени решенија од страна на Државниот санитарен и здравствен нспекторат, за изолација на лица заболени од коронавирус и на лица кои биле во контакт со заболени лица.

Во последните седум дена Државниот пазарен инспекторат изврши 1.789  контроли и 156 надзори поврзани со почитување на здравствените протоколи за отворање и работа на кафетерии и угостителски објекти кои послужуваат храна и по основ на материјалите закони. При тоа, ДПИ  изрече 14 прекршочни пријави, 42 решенија за констатираните неправилности, како и 14  прекршочни платни налози. Од вкупниот број на решенија, пет решенија се изречени за непочитување на Законот за  заштита на населението од заразни болести. Решенијата се издадени  на еден угостителски објект во Скопје, еден во Охрид и три објекта во Гостивар, поради непочитување на дозволеното работно време, при што објектите се затворени на лице место.

Државниот санитарен и здравствен инспекторат во периодот од 4 до 10 јануари, изврши 40 надзори. При тоа, ДСЗИ во посочениот период издаде вкупно 3.900 решенија за изолација и домашно лекување на лица позитивни на корона вирусот и лица кои биле во контакт со заболени лица од COVID-19, што преставува намалување во однос на претходниот период.

Во посочениот период, Државниот инспекторат за труд, изврши 412 надзори во правни субјекти на територијата на целата држава, со фокус на почитување на здравствениот протокол за превентивни мерки на сите работни места. При спроведените контроли, овој инспекторат изрече четири решенија и еден платен налог.  Решенијата се издадени за непочитување на материјалните закони, односно во делот на прекршувања за исплата на плати и регреси за годишен одмор. Платниот налог е издаден за непочитување на Законот за заштита на населението од заразни болести.

Инспекторат за транспорт, во истиот период изврши 22 надзори, при што за непочитување на материјалните закони изречени се три прекршочни пријави, едно решение и еден прекршочен платен налог. Во однос на Законот за заштита на населението од заразни болести, минатата недела не се констатирани прекршувања, односно непочитување на протоколите за превоз на патници.

Агенцијата за лекови и медицински помагала (МАЛМЕД) во истиот период спроведе девет надзори во аптеки и веледрогерии по основ почитување на мерките на Владата односно за формирани цени на заштитни средства од корона, при што не се констатирани неправилности.

Државниот инспекторат за животна средина, во текот на минатата недела изврши вкупно седум надзори, при што изречено е едно решение на правно лице за непочитување на Законот за води.

Во периодот од 4 до 10 јануари, Агенцијата за храна и ветеринарство, изврши 173 надзори, при што се издадени три решенија и се спроведени 15 едукации.

Инспекциските служби и во следниот период продолжуваат со интензивни контроли на терен во целата држава,со цел да се спречи ширењето на вирусот и да се заштити здравјето на граѓаните. 

Тагови
реклама

Македонија

Боки 13 за операцијата Бумеранг: Поднесе кривични против Заев, Спасовски, Русковска

Read more

Мицкоски на средба со коалицијата: Доби поддршка за почнување преговори за состав на идната влада

Read more

Арсовска контра Џафери: Сам си одговорен за зеленилото во твојот двор

Read more

Џафери: Груби ниту е Влада, ниту е партија

Read more
 

Вести

Боки 13 за операцијата Бумеранг: Поднесе кривични против Заев, Спасовски, Русковска

Читај повеќе

Мицкоски на средба со коалицијата: Доби поддршка за почнување преговори за состав на идната влада

Читај повеќе
  • play_arrow

Од понеделник XXIV Недела на италијанскиот филм

Читај повеќе

Гостување на полски автори по повод Месецот на полската литература во библиотеката Браќа Миладиновци

Читај повеќе
  • play_arrow

Автобус падна в река во Санкт-Петербург, има загинати

Читај повеќе

Арсовска контра Џафери: Сам си одговорен за зеленилото во твојот двор

Читај повеќе
  • play_arrow

Џафери: Груби ниту е Влада, ниту е партија

Читај повеќе

Сообраќајка меѓу 3 возила во Скопје, повредени 4 лица

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај во недела во Скопје

Читај повеќе