Јајца со зеленчук на кинески начин

Одличен додаток за пилешко, а се подготвува навистина лесно.

Овој рецепт од кинеската кујна може да биде и додаток, но и самостојно јадење - зависи од вас.

Кинеската кујна е една од најпопуларните кујни во светот. Кинески ресторани можете да најдете речиси во сите семји од светот, а големиот успех на кинеската храна му се припишува на совршениот баланс од намирници во секое јадење. Некои од најпознатите состојки се соја сос, пилешко, нудли, зелка, ориз. Наместо нудли со јајца подгответе зеленчук со јајца и јадете го како додаток за пилешко месо, или пак како самостојно јадење.

Потребни состојки:

  • пола главица зелка
  • лажичка сол
  • 1 поголем морков
  • 5 јајца
  • 3 помали струкови праз
  • масло за пржење

за сосот:

  • 2 кажици соја сос
  • малку сол
  • 1 лажичка мед

Подготовка:

Зелката исечкајте ја на резанки, ставете ја во чинија, посолете ја и прелијте ја со вода. Морковот и празот исечкајте ги. На загреано масло испржете ги јајцата така што ќе добиете парченца. Потоа додадете ги исцедената зелка, морковот и празот. Динстајте додека не омекне, па прелијте со сосот. Сервирајте како самостојно јадење или со пилешко.

реклама

Рецепти

Вкусни телешки шницли од само 5 состојки

Read more

Рецепт на денот: Ќофтиња со кашкавал и зеленчук

Read more

Чоколадните кнедли многу лесно се прават, а можете веднаш да ги изедете

Read more

Ловечки шницли на руски начин

Read more
 

Магазин

Пет клучни знаци на аутизам кај децата, според терапевт

Читај повеќе

Што треба да јадете за да имате подобар секс?

Читај повеќе

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Читај повеќе
  • play_arrow

Како да се ослободите од салото на грбот до лето?

Читај повеќе

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Читај повеќе

Бакингемската палата со соопштение за состојбата на кралот Чарлс

Читај повеќе

Нутриционистите споделија листа со најздравите зеленчуци

Читај повеќе

Како да знаете дали се плаши од сериозна врска?

Читај повеќе

Во која земја младите се најсреќни? Не, не е Македонија

Читај повеќе