Јанева ја напушти расправата: Ова што ми го прават пратениците е мобинг

По расправата со пратеничката од Социјалистичката патија Владанка Авировиќ, која поставуваше прашања повеќе од еден час, Јанева ја напушти седницата и рече дека не се враќа во Собранието се до Пленараната седница и искоментира дека „ова што ѝ го правеле пратениците е мобинг“.

Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, од Собранието каде одговараше на пратеничките прашања за извештајот за работата на ова Обвинителство, испорача три барања до претседателката на Врховниот суд, Лидија Неделкова, до Судскиот совет и до Советот на јавни обвинители.

„Многу ми е мило што се разбудија од кома некои институции во Македонија, Врховниот суд, Судскиот совет и Јавно обвинителскиот совет“, рече Јанева алудирајќи на одговорот на овие институции по нејзиниот јавен повик судењето за „Пуч“ да се презакаже поскоро.

Таа упати прашања и барања до овие институции, ја праша Неделкова колку време е потребно за да одлучи по иницијативата за барањето за заштита на законитоста на дејствијата за случајот со градоначалникот на општина Пустец, Едмонд Темелко кој е осомничен во случајот „Титаник“.

Побара Советот на јавни обвинители да ја испита работата на Кривичниот суд Скопје за судењето во разумен рок за случајот „Пуч“, а од Советот на јавните обвинители побара да одговорат според кој член од Законот утврдуваат кое обвинителство е надлежно за некој случај.

„Иако овие институции ја омаловажуваат работа на СЈО јас и мојот тим ќе се избориме со сите опструкции и ќе се потрудиме да се врати довербата во правосудната фела“, рече Јанева.

Таа одговараше на прашања на пратеничката од Социјалистичката патија Владанка Авировиќ, која поставуваше прашања повеќе од еден час. Ја праша како блиски роднини на членовите на ова Обвинителство се вработени во СЈО и ја обвини дека ја застапува страната на една политичка партија којашто ги објави прислушуваните разговори. 

Според Авировиќ, во извештајот на СЈО од 16 страници има оскудни информации од кои пратениците не можат да создадат целосна слика за работата на ова Обвинителство и побара Јанева да каже на кој начин ги троши парите со коишто располага Обвинителството. Авировиќ обвини дека СЈО ангажира советници кои се блиски до СДСМ, меѓу кои Светомир Шкариќ, Гордан Калајџиев, Александар Тортевски и други на кои им плаќа по околу 500 евра надомест вкупно за советодавни услуги троши околу милион евра. 

Јанева одговори дека таа лично ги избира советниците според нивната стручност и дека тоа ѝ е овозможено со Законот за јавнообвинитеска служба којшто го донесе Собранието. Никој од нив не барал пари, но хонорарите ги добивале на нејзино инсистирање бидејќи работеле со доверливи материјали.

„За извештајот ќе имам специјално обраќање на седницата, ако бидеме живи да ја дочекаме. Не сум јас супермен, јас сум човек како и сите. Извештајот на 16 страници е слика за работата на СЈО во последните три месеца од годината. Истражувањата што ги направи јавноста покажаа дека во изминативе десет години никој од обвинителите не образложувал извештај во Собраниеот. Да видев како изгледа некој извештај можеби и мојот ќе беше посуштински. За финансиите нема да кажам ништо и немам намера да разговарам за тоа“, изјави Јанева.

Таа откри дека во прислушуваните разговори има разговори и од бизнисмени но дека тие слчаи сѐ уште се работат. Како што истакна таа, материјалните докази се клучен приоритет за ова обвинителство и дека прислушуваните разговори се само индиции.

Владанка Авировиќ изнесе податоци во јавноста за случајот со уништувањето на опремата на УБК, според кои таа опрема била неупотреблива и дека била уништена со одобрение односно за тоа документ потпишал дополнителнииот министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски, од опозициската СДСМ. 

Јанева рече дека доколку Авировиќ има информации за овој случај, таа обврзана е да ги достави до СЈО, а според податоците кои таа ги изнесе во овој случај, според Јанева била вмешана и поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска која тогаш била министер, односно во 2014 година, кога според неа се случило уништувањето на опремата. За Јанкулоска СЈО нема засега докази и не е обвинета во овој случај.

По одговорот на Јанева реплика повторно имаше Авировиќ која рече дека тие информации ги црпи од медиумски извештаи. По нејзината реплика Јанева и Авировиќ влегоа во расправија за ангажманот на Мирослав Грчев како експерт во СЈО и Јанева рече дека неколкупати веќе повторила дека тој е ангажиран од Архитектонскиот факултет.

На денешната комисиска расправа прашање имаше само од Авировиќ, а претходно пратениците речиси два часа водеа процедурална расправа. Извештајот е ставен на дневен ре и на Пленанаата седница којашто требаше да започне денеска но се одложи бидејќи се чека извештај од комисиската расправа.

реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Македонија

Мисајловски: На 8 мај да ставиме печат на историската победа

Read more

Димитриевски: Го поддржав Пендаровски во минатиот мандат, но истата грешка нема да ја повторам

Read more

Ахмети: Албанците не го оспоруваат идентитетот на Македонците

Read more

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје поради денот на полицијата

Read more
 

Вести

Мисајловски: На 8 мај да ставиме печат на историската победа

Читај повеќе
  • play_arrow

Димитриевски: Го поддржав Пендаровски во минатиот мандат, но истата грешка нема да ја повторам

Читај повеќе

Ахмети: Албанците не го оспоруваат идентитетот на Македонците

Читај повеќе

Велосипедист тешко повреден во сообраќајка во Охрид

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје поради денот на полицијата

Читај повеќе

Снопче ги праша ДУИ: Со која партија ќе формирате влада и зошто не го поддржувате Пендаровски во вториот круг?

Читај повеќе
  • play_arrow

Мојсоска: Усеини од ДУИ доби 500.000 евра од ДПМНЕ во Охрид

Читај повеќе

СДСМ: Граѓаните масовно да излезат на изборите на 8 ми мај, се одлучува за иднината

Читај повеќе

На полноќ настапува молк пред вториот круг од претседателските и парламентарните избори

Читај повеќе