RED BULL AIR RACE / 2017 / USA / SAN DIEGO

Јапонецот Муроја се вивна до триумфот во Сан Диего

Втората трка во календарот за 2017 година на Светското првенство Red Bull Air Race беше исполнета со изненадувања, бидејќи ниту едно име на подиумот не беше исто со трите што беа таму на отворањето на сезоната во февруари. Јапонецот Јошихиде Муроја ја освои победата, додека Словенецот Петер Подлуншек беше втор, а бранителот на светската титула, Матијас Долдерер се најде на третото место.

Изненадувањата се редеа едно по друго во финалната рунда на четворицата најдобри пилоти коишто се бореа за победа на втората трка од Светското првенство Red Bull Air Race, којашто се одржа во Сан Диего, Калифорнија. Јошихиде „Јоши“ Муроја од Јапонија беше единствениот пилот демонстрирајќи конзистентност, благодарение на што го заслужи триумфот. Одушевувајќи ја четириесетилјадната публика која што продефилира за време на викендот, Муроја беше доминантен во „Фајнал 4“ рундата со време од 58 секунди и 529 илјадити делови од секундата. Иако Петер Подлуншек беше речиси две секунди побавен со резултат 1:00.454, Словенецот сепак успеа да стигне до второто место, иако ова беше негов прв настап во финалните рунди. Актуелниот светски шампион, Германецот Матијас Долдерер беше трет, откако собори една воздушна кула, додека миленикот на домашната публика, Американецот Кирби Чемблис, заврши како четврти.

Заработувајќи 15 поени со оваа победа, Муроја скокна 10 места во генералниот пласман, и сега е трет зад Мартин Шонка од Чешката Република, кој има 21 поен и Долдерер кој има 16 поени. Овој резултат особено е значаен бидејќи следната трка се вози на домашниот терен на Муроја, во градот Чиба, на јапонскиот брег, каде што тој лани ја освои првата победа во кариерата.

„Мошне сум среќен. Имавме тешки моменти на отворањето на сезоната во Абу Даби и работевме напорно со месеци,- рече Муроја, кој на првата трка беше казнет поради маневар со преголем индекс на гравитациски сили. - Мојата екипа и моето семејство многу ми помогнаа за да се стабилизирам и да бидам консистентен, и за тоа им благодарам. Следната трка во Јапонија ќе биде нешто неверојатно, па победата овде е важен чекор напред пред трката во мојата татковина. Ќе има огромна публика и голем притисок за мене, но јас ќе се забавувам!“

Претходно, во трките од Купот на предизвикувачите, шампионот од 2016 година Флоријан Бергер од Германија ја забележа првата победа во новата сезона.

 Резултати: 1. Јошихиде Муроја (Јапонија), 2. Петер Подлуншек (Словенија), 3. Матијас Долдерер (Германија), 4. Кирби Шемблис (САД), 5. Мартин Шонка (Чешка), 6. Петр Копфштајн (Чешка), 7. Николас Иваноф (Франција), 8. Мајкл Гулијан (САД), 9. Мат Хол (Австралија), 10. Пит Меклиод (Канада), 11. Хуан Веларде (Шпанија), 12. Франсоа Ле Вот (Франција), 13. Микаел Бражо (Франција), 14. Кристија Болтон (Чиле).

 Табела: 1. Мартин Шонка (Чешка) 21 поен, 2. Матијас Долдерер (Германија) 16 поени, 3. Јошихиде Муроја (Јапонија) 15 поени, 4. Хуан Веларде (Шпанија) 12 поени, 5. Петер Подлуншел (Словенија) 12 поени, 6. Пит Меклиод (канада) 10 поени, 7. Николас Иваноф (Франција) 10 поени, 8. Мајкл Гулијан (САД) 8 поени, 9. Кирби Чемблис (САД) 7 поени, 10. Петр Копфштајн (Чешка) 5 поени, 11. Кристијан Болтон (Чиле) 4 поени, 12. Франсоа Ле Вот (Франција) 3 поени, 13. Мат Хол (Австралија) 3 поени, 14. Микаел Бражо (Франција) 2 поени.

За Red Bull Air Race:

Создаден во 2003 година, Светското првенство Red Bull Air Race ја прослави својата јубилејна 75-та трка на првата трка од сезоната 2017 во Абу Даби. Во Red Bull Air Race учестуваат најдобрите тркачки пилоти во класичен тркачки натпревар којшто ги комбинира брзината, прецизноста и вештината. Со најбрзите и најагилни лесни тркачки авиони, пилотите достигнуваат брзини од 370 километри на час додека на нив дејствуваат сили до 10G, возeјќи низок слалом по патеката обележана со 25-метарски воздушни столбови. Во 2014 година беше создаден Купот на предизвикувачите за да и се помогне на идната генерација пилоти да ги развие вештините потребни за потенцијален напредок во Мастер класата, која претставува билет за влез во светското првенство.

Фото: Предраг Вучковиќ/Red Bull Content Pool

реклама

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Read more

Таjчи по 34 години го облече фустанот што го носеше на Евровизија

Read more

Живот

Како длабоко да ја исчистите фритезата на топол воздух во само 3 чекори?

Read more

Почна сезоната на јагоди: 9 причини зошто треба да ги јадете

Read more

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

30-минутни интензивни вежби за совршени нозе

Читај повеќе

Како длабоко да ја исчистите фритезата на топол воздух во само 3 чекори?

Читај повеќе

Почна сезоната на јагоди: 9 причини зошто треба да ги јадете

Читај повеќе

Што се случува со нашето тело ако јадеме јајца секој ден?

Читај повеќе
  • play_arrow

Од жица и камења сами направете убави саксии

Читај повеќе

Четири фрази кои најсилните парови редовно ги користат

Читај повеќе

Токсичната позитивност е ризик за менталното здравје

Читај повеќе
  • play_arrow

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Читај повеќе

Како да ги ублажите последиците од празничното прејадување?

Читај повеќе