Јапонија им нуди на семејствата по 7.500 долари по дете да се иселат од Токио

Јапонската Влада нуди милион јени (7.500 долари) по дете на семејствата што ќе се иселат од главниот град Токио, со цел да ја насочи популацијата кон послабо населените региони во земјата.

Властите во Јапонија ги засилуваат стимулациите за да ги намамат луѓето во помалите регионални области со мала, главно постара популација.

Стимулациите чиј износ е многу поголем во споредба со минатогодишниот надоместок за „преселување”, ќе бидат дистрибуирани во април, објавија јапонските медиуми.

Иако населението во Токио минатата година за првпат забележа намалување, што делумно се препишува на епидемијата на коронавирусот, властите веруваат дека треба да се направи повеќе за да се намали густината на населението во градот и да се охрабрат луѓето да започнат нов живот во делови од земјата каде има стареење на населението како и миграција на помлади луѓе кон центрите како Токио, Осака и другите големи градови.

Финансиската поддршка ќе им биде понудена на семејствата кои живеат во 23 централни области на Токио и соседните префектури Саитама, Чиба и Канагава.

За да ги добијат бенефициите семејствата треба да се преселат надвор од поширокото подрачје на Токио, додека некои би можеле да добијат пари ако се преселат во планинските области околу градот.

Владата се надева дека до 2027 година околу десет илјади луѓе ќе се преселат од Токио во руралните области. 

Тагови
реклама

Свет

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Read more

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Read more

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Read more

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Read more
 

Вести

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Читај повеќе
  • play_arrow

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Читај повеќе

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Читај повеќе

Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби

Читај повеќе

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Читај повеќе

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Читај повеќе

Православните верници го слават Велигден

Читај повеќе

Времето денеска сончево и потопло

Читај повеќе

Почувствуван земјотрес во Скопје

Читај повеќе