Јапонија конечно ги исфрли од употреба флопи дисковите од владините канцеларии

Јапонската влада соопшти дека постепено ги отстранува флопи дисковите, што е клучна пресвртница во нејзината кампања за модернизација на државната администрација.

До средината на јуни, дигиталната агенција ги укина сите прописи за користење на флопи дискови, 1.034 од нив, соопшти владата. Единствен исклучок е регулативата за рециклирање возила, додаваат оттаму.

„На 28 јуни ја добивме војната со дискетите!“, изјави денеска министерот за дигитални технологии Таро Коно, кој се залагаше за елиминирање на факс машините и другата опрема базирана на аналогна технологија.

Дигиталната агенција е основана за време на пандемијата на коронавирус во 2021 година, кога обидот да се воспостави систем за тестирање и вакцинација ја откри сè уште потпирањето на владата на хартиени документи и застарена технологија.

Коно ја презеде сегашната функција во август 2022 година, а своевремено се кандидираше и за премиерската позиција. Во неговата биографија има и позиции во министерствата за одбрана и за надворешни работи.

Дигитализацијата во Јапонија често беше ставена на тест, па апликацијата за следење контакти неславно пропадна за време на пандемијата, а процесот на усвојување на дигиталната лична карта My Number траеше подолго од очекуваното, забележува Reuters.

Тагови
реклама

10 апарати во домот поради кои ви растат сметките за струја

Read more

Наместо 15 години работен стаж, да се добива пензија со 5 години работно искуство, предложија пензионерите

Read more

Судбински пресврт за 3 хороскопски знаци во јули

Read more

Топ 5 најдобри половни автомобили до 5.000 евра

Read more

Свет

Орбан и Путин се сретнаа, разговараа за Украина

Read more

Кој е Кир Стармер, новиот британски премиер?

Read more

Нов гаф на Бајден: Горд сум што сум првата црна жена...

Read more

Путин: Никогаш не би се согласил на примирје без одредени предуслови

Read more
 

Вести

Орбан и Путин се сретнаа, разговараа за Украина

Читај повеќе

Заврши сослушувањето на новите сведоци во истрагата за убиството на Данка Илиќ

Читај повеќе

Лежалките во прв ред до море во Грција и до 60 евра

Читај повеќе

Таравари ќе бара мораториум за одредени специјализации за да се стимулираат онколози и патолози за кои има недостиг

Читај повеќе

Во кои училишта се препишувало најмногу на полагањето државна матура?

Читај повеќе

Кој е Кир Стармер, новиот британски премиер?

Читај повеќе

Нов гаф на Бајден: Горд сум што сум првата црна жена...

Читај повеќе

Мицкоски најави нова инвестиција со која ќе бидат вработени над 110 граѓани

Читај повеќе

Путин: Никогаш не би се согласил на примирје без одредени предуслови

Читај повеќе