ЈО ги презема предметите од СЈО, правните експерти поделени

Скопје, 7 септември 2019 (МИА) – Јавното обвинителство на Република Северна Македонија ги презема во надлежност и натамошно постапување предметите од СЈО, додека во Собранието продолжуваат преговорите меѓу власта и опозицијата за Законот за јавно обвинителство.

Јавното обвинителство, одлуката за преземање на предметите ја заснова на уставната положба  на ЈО како единствен државен орган надлежен за гонење на сторителите на кривичните дела и на други со закон утврдени казниви дела, начелото на легалитет на кривичното гонење, според кое јавниот обвинител е должен да преземе кривично гонење, ако постојат докази дека е сторено кривично дело за кое се гони по службена должност, како и  обврската во име на општеството да се грижи за ефикасноста на кривично – правниот систем,   почитувајќи го принципот на правна сигурност на граѓаните како темелна вредност на владеењето на правото.

Правните експерти пак се поделени за тоа дали постои правна основа државниот јавен обвинител Љубомир Јовески да ги преземе предметите од Специјалното јавно обвинителство, додека премиерот Зоран Заев верува дека е можен договор и Парламентот со консензус да го изгласа Законот за јавното обвинителство.

Академик Владо Камбовски, кој учествува на консултациите во Министерството за правда за новиот закон за јавното обвинитѕелство, смета дека предметите на СЈО може да преминат во Јавното обвинителство и за тоа има законска основа.

– Државниот јавен обвинител има овластување според уставната поставеност на Јавното обвинителство која е заснована на хиерархиска субординираност, да презема предмети од други обвинителства. Тоа решение треба да се реализира и според мое мислење предметите треба да се доделат на обвинителите од СЈО, рече вчера Камбовски.

Универзитетскиот професор Гордан Калајџиев, кој исто така е дел од експертската работна група во Министерството за правда, смета дека Катица Јанева нема овластување ниту во нормални услови, ниту пак сега кога е во притвор да ги делегира предметите од СЈО во друго обвинителство.

-Таа овие предмети ги добила со закон и мора да ги работи. Во случајот има поднесено оставка и не може да се однесува во стилот после мене потоп. Можеше да се избере нов јавен обвинител, но најстрашно е што за такво нешто не постои интерес. Никаде во законот не е предвидено СЈО да ги предаде сите предмети, особено не во ваква ситуација каде на Јанева практично и е завршен мандатот и каде нема политичка волја да се избере нов обвинител, вели Калајџиев.

Премиерот Зоран Заев, вчера кажа дека примарна цел е и останува да се најде договор, бидејќи како што кажа договорот е гаранција за реализацијата на новото законско решение.

– Не сме толку далеку од решение. Може да се изнајде решение. Верувам дека може да се најде решение. 15 септември доаѓа и да не се најде решение, предметите одат кај државниот обвинител. Ако се најде решение по законот, пак одат кај државниот обвинител, значи декако е тоа решението. Веројатно на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева тоа е и поривот да ги предаде предметите, изјави Заев.

Уште еднаш повтори дека верува во договор и Парламентот со консензус да го изгласа Законот за јавното обвинителство.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Македонија

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Read more

Апасиев: Не паѓајте во духот, долг е патот на борбата, со душа го чекаме 8 мај

Read more

Граѓанските иницијативи и еко-здруженијата испратија 18 прашања до политичките партии

Read more

ЦУК: Коловозите во државата на многу места се влажни, имало ситни одрони на сите патни правци

Read more
 

Вести

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Читај повеќе

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Читај повеќе

Апасиев: Не паѓајте во духот, долг е патот на борбата, со душа го чекаме 8 мај

Читај повеќе

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Читај повеќе

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Читај повеќе

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Читај повеќе

Граѓанските иницијативи и еко-здруженијата испратија 18 прашања до политичките партии

Читај повеќе

ЦУК: Коловозите во државата на многу места се влажни, имало ситни одрони на сите патни правци

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска Македонија повторно да ја вратиме на народот

Читај повеќе