ЈО отвори истрага за МИТ, сопственичката обвинува дека Андонов има сериозна дијагноза

Основното јавно обвинителство Скопје отворило истрага за работата на МИТ Универзитетот по поднесени претставки на студенти од Турција кои реагирале дека биле измамени и дека се запишале на факултети кои немале добиено акредитација или дозвола за работа од Министерството за образование и наука.

Ова е тврдењето на Обвинителството кое попладнево излезе со соопштение за јавност, но од друга страна, сопственичката на МИТ Универзитет, Билјана Апостолова излезе во јавноста со сериозни обвинувања за дополнителниот заменик министер за внатрешни работи, Оливер Андонов, но и за професорот Тони Науновски кој се појавува како експерт, поддржувач на владините политики.

Во изјава за медиумите, Апостолова тврди дека истрагата за овој случај е отворена по нарачка на Андонов, кој претходно беше професор на овој Универзитет и обвини дека тој и претходно и се заканувал и нејзе и на неговите колеги.

Апостолова изјави дека Андонов имал сериозна дијагноза со којашто не можел да работи ниту како професор, ниту, пак, како министер. 

Сопственичката на Универзитетот обелодени и дека професорот Тони Науновски кој се појавува како експерт, поддржувач на владините политики, малтретирал колеги и студенти од понежниот пол. 

Со Андонов имале проблеми од 2013 година, неколку пати бил опоменуван заради непристојно, недолично и неакадемско однесување. 

„Приватна високообразовна установа не смее да зазема политички страни. Андонов континуирано не доаѓаше на работа служејќи на други свои дејности, постојано беше на телевизија. Беше казнет 10 или 15 отсто од плата, донесе боледување со дијагноза која не соодветствува за вклучување во научно наставен процес“, рече Апостолова.

За Науновски, пак, тврди дека малтретирал колеги и студенти од понежниот пол и дека една вработена си заминала од Универзитетот поради тоа.

Апостолова рече дека Андонов и Науноски при оставките кои си ги дале од МИТ, поднеле и сериозни обвинувања за правниот факултет и факултетот за психологија при универзитетот.

Полицијата вчера вршеше претреси во МИТ Универзитетот и на други локации за прибирање на релевантна документација, податоци и други предмети, кои ќе се користат како докази во кривична постапка.

Како што соопштуваат од ЈО, до Државниот просветен инспекторат биле поднесени 20-тина претставки од студенти на Универзитетот, кои потекнуваат од Турција. Реакции имало и од Амбасадата на Република Турција во Скопје, а во врска со студирањето на одделни факултети за кои Универзитетот нема добиено акредитација или дозвола за работа од Министерството за образование и наука.

„Првичните сознанија на Обвинителството упатуваат на тоа дека на Универзитетот биле запишувани поголем број студенти на факултети за дентална медицина, козметологија и физиотерапија. Со проверка е утврдено дека оваа високообразовна институција не поседува дозвола за работа за Факултет за дентална медицина, додека за Факултет за козметологија и физиотерапија нема ниту дозвола, ниту акредитација.

За студентите кои биле запишувани да студираат на овие факултети во факултетската документација се водела паралелна евиденција – покрај онаа за коресподенција со студентите, друга за отчет пред државните институции“, тврдат од Обвинителството.

Основното јавно обвинителство – Скопје продолжува со преземање на дејствијата со цел расветлување на овој предмет, каде постојат основи на сомневање дека преку злоупотреба на службена положба и измама е вршен финансиски криминал. 

Со цел да не се попречи работењето на Универзитетот и правото на студирање на студентите запишани на оние факултети за кои Универзитетот поседува акредитација и дозвола за работа, Обвинителството уште денеска, по преземени неопходни дејствија, ќе ја врати компјутерската опрема во оваа високообразовна институција.

реклама

Хроника

Сообраќајка меѓу 3 возила во Скопје, повредени 4 лица

Read more

Ги прскала со вода за да ја намалат вревата во Гази Баба, а тие со лименки фрлале кон неа и ја повредиле

Read more

75-годишен маж прегазен на паркинг во Скопје, сторителот побегнал

Read more

Пешак удрен во Битола, со тешки повреди пренесен на клиника

Read more
 

Вести

Боки 13 за операцијата Бумеранг: Поднесе кривични против Заев, Спасовски, Русковска

Читај повеќе

Мицкоски на средба со коалицијата: Доби поддршка за почнување преговори за состав на идната влада

Читај повеќе
  • play_arrow

Од понеделник XXIV Недела на италијанскиот филм

Читај повеќе

Гостување на полски автори по повод Месецот на полската литература во библиотеката Браќа Миладиновци

Читај повеќе
  • play_arrow

Автобус падна в река во Санкт-Петербург, има загинати

Читај повеќе

Арсовска контра Џафери: Сам си одговорен за зеленилото во твојот двор

Читај повеќе
  • play_arrow

Џафери: Груби ниту е Влада, ниту е партија

Читај повеќе

Сообраќајка меѓу 3 возила во Скопје, повредени 4 лица

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај во недела во Скопје

Читај повеќе