„Jurassic World Dominion“ заработи неверојатни 143 милиони долари од премиерното прикажување во Северна Америка, па лесно го освои врвот на бокс-офисот.
Шестиот филм на Universal имаше одличен прием кај публиката. Ова е третиот филм кој во време на пандемија заработи 200 милиони долари, пишува Comscore.
На второто место сè уште е „Top Gun: Maverick“ со заработка од 50 милиони долари во третиот викенд од прикажување.
На меѓународно ниво, „Jurassic World Dominion“ заработи одлични 245 милиони долари или вкупна заработка од 389 милиони долари. Филмот е прилично скап, со буџет од 185 милиони долари за продукција и 100 милиони долари за промоција.
На третото место на бокс-офисот се најде „Doctor Strange in the Multiverse of Madness“ на Disney со заработка од 4.9 милиони долари шест недели по прикажувањето.