СЕРИЈА А 2019/20

Јуве го совлада Лацио, титулата е на чекор

Со два брзи гола во второто полувреме тимот на Јувентус му се одмазди на Лацио за поразот од зимата и дојде на само чекор од заверување на титулата.

Мируваа мрежите во првиот дел кој го одбележаа малку шанси на двете страни од кои најдобра беше онаа на Чиро Имобиле кој со одличен удар ја затресе рамката од голот на Војчех Шченсни погодувајќи ја стативата. Претходно на спротивната страна и Алекс Сандру со глава ја погоди стативата.

Неколку минути по почетокот на вториот дел и сомнителен пенал за Јувентус. Пауло Дибала упати удар, а на работ од шестнаесетникот при обидот на блокира со рака играше Бразилецот Бастус. Главниот судија Даниеле Орсато прво покажа слободен удар, а потоа по интервенција на луѓето од ВАР собата одлуката ја преиначи во пенал. Томас Стракоша го прочита, но ударот на Кристијано Роналдо беше прецизен и заврши во мрежата.

Само три минути по водечкиот гол, катастрофална грешка на Луис Фелипе на средината на теренот кој дозволи Дибала да му ја украде топката. Во контра, Дибала му сервираше на Португалецот на празен гол за 2:0.

Потоа Роналдо имаше одлична шанса за хет-трик, но неговиот удар со глава заврши во пречката.

Во 83. минута пенал доби и Лацио откако Леонардо Бонучи буквално го рогна Имобиле. Истиот играч успешно реализираше од белата точка за 2:1.

Remote video URL

Јувентус со оваа победа му се одмазди на Лацио за поразот од 3:1 на „Олимпико“ од 22 декември 2019 во првиот дел од сезоната.

По комплетирањето на ова 34. коло Јувентус сега води со 80 бодови, 8 повеќе од Интер, 9 од Аталанта и 11 од Лацио. Со уште 12 бода во игра, Јуве уште во наредното коло може да ја завери титулата, нормално, доколку киксираат и конкурентите.

Тагови
реклама

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Фудбал

Хаос во холандската лига: Не се знаеше кој слави, кој плаче

Read more

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Read more

Модриќ има „план Б“ во случај да замине од Реал

Read more

Намалена казната на „комарџијата“ Тонали, познато е кога се враќа на терен

Read more
 

Спорт

Тренерот на Лејкерс доби отказ: Последниве две години беа пеколни

Читај повеќе
  • play_arrow

Хаос во холандската лига: Не се знаеше кој слави, кој плаче

Читај повеќе

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Читај повеќе

Модриќ има „план Б“ во случај да замине од Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Тајсон пред големата борба: Тешко му е без секс и марихуана

Читај повеќе
  • play_arrow

Спектакуларниот Брансон го донесе Њујорк во полуфиналето на Истокот, крај за Бакс

Читај повеќе
  • filter

Грчка новинарка влезе во историјата на Евролигата: Тука сум да кршам стереотипи

Читај повеќе

Намалена казната на „комарџијата“ Тонали, познато е кога се враќа на терен

Читај повеќе
  • filter

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Читај повеќе