Јувентус под лупа за наводна поврзаност со мафијата

Дисциплинската комисија на Фудбалскиот сојуз на Италија го прозиваше претседателот на Јувентус Андреа Ањели и неколкумина функционери во Старата дама поради неправилности во продажбата на влезници и соработката со „ултрасите“ кои наводно работеле со мафијата.

Од торинскиот клуб ги негираат сите обвиненија.

„Бев прозван, заедно со Франческо Калво, кој тогаш ни беше директор, Алесандро Д’Анџело, директорот за безбедност и Стефан Меруло, менаџерот за влезници. Овој клуб, и јас исто така, немаме никаква причина да лажеме и затоа сум тука пред вас“, рече Ањели.

Тој додаде дека Јувентус се товари за поврзаност со организиран криминал и дека клубот е на удар веќе десет години, од скандалот со Калчополи Во 2006 година.

„Ни беше одземена титулата, бевме исфрлени од лигата и прогласени за виновни по обвинение за влијаење врз судиите. Јас ќе го бранам своето име и името на овој клуб“, рече претседателот на славниот италијански фудбалски клуб.

Ањели истакна дека никогаш се нема сретнато со мафијашки шефови, но дека имал разговори со разни здруженија на „ултрасите“, што е нормално за претседател на еден фудбалски клуб.

„Некои од ултрасите не се светци? Да, се сложувам, но тие немаат никакви забрани за натпревари. Затоа сум тука, за да ви ја кажам вистината“, рече Ањели.

Адвокатот Пјерфилипо Капело, син на легендарниот тренер Фабио, рече дека Јувентус ризикува да се соочи со казни и финансиски санкции, а Ањели со можна суспензија, но дека сѐ зависи од сослушувањето, објави весникот Goal.

реклама

Фудбал

Фиорентина повторно ќе игра финале во Конференциската лига

Read more

Луис Енрике: Фудбалот понекогаш е толку нефер

Read more

Орсато означи крај во Париз и се расплака

Read more

Блесна стадионот во Битола: Пуштени рефлекторите Под Тумбе Кафе

Read more
 

Спорт

Ракометарите убедливо поразени од Фарските Острови

Читај повеќе
  • play_arrow

Фиорентина повторно ќе игра финале во Конференциската лига

Читај повеќе

Луис Енрике: Фудбалот понекогаш е толку нефер

Читај повеќе

Орсато означи крај во Париз и се расплака

Читај повеќе

Блесна стадионот во Битола: Пуштени рефлекторите Под Тумбе Кафе

Читај повеќе

Подготвени за нов спектакл? Реал и Баерн вечерва на мегдан за финале

Читај повеќе
  • play_arrow

На Дончиќ не му одеше шутот, Далас го загуби првиот дуел од Оклахома

Читај повеќе
  • play_arrow

Тиаго Силва потпиша за Флуминенсе, доаѓа во јули

Читај повеќе

Шампионската титула на Реал ќе му биде врачена зад затворени врати

Читај повеќе