Јужна Кореја ги призна правата на истополовите парови да делат здравствено осигурување

Јужнокорејскиот суд донесе значајна одлука со која за првпат се признаваат правата на истополовите парови, а активистите ја поздравија пресудата како голема победа за правата на ЛГБТК+ луѓето во земјата.

Случајот, кој сега ќе оди пред Врховниот суд, го поднесоа геј парот Со Сеонг-вук и Ким Јонг-мин, кои живеат заедно и одржаа свадбена церемонија во 2019 година.

Меѓутоа, таквата церемонија нема правна важност бидејќи Јужна Кореја не ги признава истополовите бракови.

Во 2021 година, Со ја тужеше Националната служба за здравствено осигурување (NHIS) за укинување на бенефициите за неговиот партнер кого го регистрирал како издржувано лице, откако станало јасно дека тие се геј пар.

Понискиот суд пресуди во корист на NHIS минатата година, но во значителен пресврт на случајот, Високиот суд во Сеул ја поништи таа одлука, практично наложувајќи му на давателот на осигурувањето да ги пренесе придобивките на партнерот на Со како издржувано лице.

„Иако Јужна Кореја има уште долг пат за да стави крај на дискриминацијата, оваа пресуда дава надеж дека може да се надминат предрасудите“, беа пораките по објавувањето на пресудата.

Иако земјата не ги признава истополовите бракови, геј врските не се криминализирани, но ЛГБТК+ луѓето главно живеат под радарот.

Активистите долго време ја нагласуваат потребата од закони против дискриминација врз основа на сексуална ориентација.

Многу дискутираниот закон за антидискриминација се чека во јужнокорејскиот парламент со години поради недостиг на консензус меѓу пратениците.

Тагови
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Што е сексомнија?

Read more

Свет

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Read more

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Read more

САД воведоа нови санкции кон Русија

Read more

Полска и по 20 години во ЕУ не е подготвена да го воведе еврото

Read more
 

Вести

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Читај повеќе

Сиљановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник

Читај повеќе

Мицкоски: На СДСМ прогнозите не им излегоа како што тие замислуваа

Читај повеќе

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Читај повеќе

Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес

Читај повеќе

Избрана е новата Влада на Србија

Читај повеќе

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Читај повеќе

Кривична против двајца штипјани, истепале полицаец

Читај повеќе

САД воведоа нови санкции кон Русија

Читај повеќе