Екипата на Јувентус и најславниот тиктокер во светот Каби Ламе го претставија новиот гостински дрес на Јувентус за следната сезона. Дизајнот ги одушеви навивачите на клубот.
Промотивниот спот е снимен во Лос Анџелес и го прикажува Каби како го менува домашниот дрес на Јувентус со гостинскиот и тоа по удар на молња. Додека шета по улица, познатата TikTok ѕвезда ќе слушне грмотевица, по што ќе го погоди „молња“ по што му се менува дресот.
Ламе е познат по неговите саркастични видеа во кои не кажува ниту еден збор, а со кои се исмејува на прекомплексните трикови, покажувајќи колку тие ситуации се бизарни.