Качињски: Германците денес сакаат по мирен пат да го постигнат она што некогаш сакаа да го постигнат со војна

Лидерот на полската владејачка десничарска партија Право и правда (PiS), Јарослав Качињски, ја обвини Германија дека сака да доминира во Европа.

Денеска Германците сакаат по мирен пат да го постигнат она што некогаш сакаа да го постигнат со воена сила, изјави вчера Качињски во градот Легница на југот на Полска.

Но, силата на Европа лежи во различноста и суверенитетот на земјите-членки, рече тој, додавајќи дека верува дека „ситуацијата во која втората по големина земја во ЕУ сака да доминира во Европа е пат кон криза и катастрофа“.

Качињски (73) нема никаква функција во владата, но важи за влијателен играч во полската политика.

Полска следната есен избира нов парламент, а рејтингот на актуелната влада на PiS неодамна падна поради високата инфлација. Во своите говори низ јужниот полски округ Долна Шлезија, Качињски веројатно се обидува да ги придобие гласачите со антигерманска реторика.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Свет

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Read more

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Read more

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Read more

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Read more
 

Вести

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Читај повеќе

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Читај повеќе

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Читај повеќе

Апасиев: Не паѓајте во духот, долг е патот на борбата, со душа го чекаме 8 мај

Читај повеќе

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Читај повеќе

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Читај повеќе

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Читај повеќе

Граѓанските иницијативи и еко-здруженијата испратија 18 прашања до политичките партии

Читај повеќе

ЦУК: Коловозите во државата на многу места се влажни, имало ситни одрони на сите патни правци

Читај повеќе