Каде во ЕУ е потребен негативен тест за влез во земјата?

Шведска, по низа други земји, најави ограничување за влез на патници од Европската Унија, кои од 28 декември ќе мора да имаат негативен тест за ковид, иако се вакцинирани.

Уште седум земји од ЕУ - Португалија, Ирска, Кипар, Латвија, Италија, Грција и Австрија - веќе бараат негативен тест за вакцинирани лица кои доаѓаат од ЕУ, а Финска во вторникот вечерта најави дека ќе го направи истото.

„Сите патници ќе мора да покажат негативен резултат од тестот за COVID-19 на влезот во Шведска, без разлика од која земја доаѓаат“, соопшти шведската влада.

„Оваа мерка ќе важи и за оние кои биле вакцинирани или прележале ковид“, додава Стокхолм.

Омикрон се шири

Меѓутоа, оваа обврска не важи за лица помлади од 12 години и за патници кои имаат шведско државјанство или дозвола за престој во Шведска.

Одлуката е донесена поради „засиленото присуство на COVID-19 низ светот и брзото ширење на верзијата омикрон“, соопшти владата.

Според одлуката на Европската комисија, јавноста мора однапред да биде информирана за барањето за негативен тест во рамките на ЕУ, тоа мора да биде временски ограничено и пропорционално на потребата за заштита на јавното здравје.

„Разбираме дека некои земји-членки воведуваат мерки, но навистина не сме сигурни дека ова е особено корисно за патување, сепак мислиме дека потврдата треба да биде доволна“, рече комесарот Дидје Рејндерс.

Комисијата во вторникот одлучи дека потврдата за вакцинација против COVID-19 по целосна вакцинација важи девет месеци за патување во ЕУ, со цел да се поттикне ревакцинацијата.

Тагови
реклама

Кој е најбрзиот начин без лекови да го спуштите високиот крвен притисок?

Read more

Зошто никој не сака да војува против Швајцарија?

Read more

Драма на небото над Трст: забележана несекојдневна појава

Read more

Рафална сончева бура оди кон Земјата, издадено предупредување невидено скоро 20 години

Read more

Свет

Огромни поплави во Бразил, бројот на жртви се зголемува

Read more

Путин на рускиот премиер му додели уште еден мандат

Read more

Автобус падна в река во Санкт-Петербург, има загинати

Read more

Папата ги повика владите на демографски политики: Не недостигаат кучиња и мачки, туку деца

Read more
 

Вести

Српската полиција критикувана за случајот Данка: Ова е сериозен скандал

Читај повеќе
  • play_arrow

Огромни поплави во Бразил, бројот на жртви се зголемува

Читај повеќе

Путин на рускиот премиер му додели уште еден мандат

Читај повеќе

Променливо облачно и потопло време со сончеви периоди

Читај повеќе

Силјановска Давкова за честитката од ЕУ: Со нетпрение очекувам да ја продолжиме соработката

Читај повеќе

Боки 13 за операцијата Бумеранг: Поднесе кривични против Заев, Спасовски, Рускоска

Читај повеќе

Мицкоски на средба со коалицијата: Доби поддршка за почнување преговори за состав на идната влада

Читај повеќе
  • play_arrow

Од понеделник XXIV Недела на италијанскиот филм

Читај повеќе

Гостување на полски автори по повод Месецот на полската литература во библиотеката Браќа Миладиновци

Читај повеќе