Папата ги повика владите на демографски политики: Не недостигаат кучиња и мачки, туку деца

Макфакс
/ 10.05.2024 / 12:46

Владите мора да спроведат сериозни и ефективни политики за благосостојбата на семејствата за да се спротивстават на падот на наталитетот и стареењето на населението, рече денеска папата Франциск и ги повика младите да имаат верба во иднината.

Говорејќи на конференцијата за сè потешката демографска криза, папата рече дека бројот на првите раѓања е показател за „надежта на луѓето“ и дека Европа сѐ повеќе се претвора во „стар, уморен и резигниран“ континент.

„Потребни се ефективни политики, храбри, конкретни и долгорочни одлуки. Потребна е поголема посветеност на сите влади за помладите генерации да ги остварат своите легитимни соништа“, рече папата.

Стапката на наталитет во Европа минатата деценија падна на 1,5 раѓања по жена. Ова е повисоко од најниските нивоа како оние во Источна Азија, но многу помалку од 2,1 потребни за одржување на населението.

„Постои факт што ми го кажа еден демограф. Моментално, инвестициите со најмногу приходи се оние во фабрики за оружје и контрацепција. Едниот го уништува животот, другиот го спречува. Каква иднина имаме? Тоа е лошо”, вели папата.

Бројот на раѓања во Италија падна на рекордно ниско ниво во 2023 година и се намалува веќе 15-та година по ред.

„Домовите се полни со предмети, но без деца, стануваат многу тажни места. Не недостасуваат мали кучиња, мачки. Нема недостиг од тоа. Има недостиг од деца“, рече папата.

Тој предложи политики кои нема да ги принудуваат мајките да избираат помеѓу кариерата и грижата за децата и кои на младите парови ќе им обезбедат стабилни работни места и можност за купување недвижен имот.

„Знам дека за многумина од вас иднината изгледа неизвесна и дека поради падот на наталитетот, војните, пандемиите и климатските промени, не е лесно да се одржи надежта жива. Но, не се откажувајте, имајте верба“, им рече тој на младите.

реклама

Свет

Лавров го објави условот под кој Русија ќе се согласи на прекин на огнот во Украина

Read more

Масовен хакерски напад врз руски државни медиуми; Украинците: Ние го изведовме

Read more

Американец кој се борел во украинската армија осуден на 6 години затвор во Русија

Read more

Ердоган: Израел ќе ја плати цената за геноцидот во Газа

Read more
 

Вести

Лавров го објави условот под кој Русија ќе се согласи на прекин на огнот во Украина

Читај повеќе

Масовен хакерски напад врз руски државни медиуми; Украинците: Ние го изведовме

Читај повеќе

ВЛЕН: ДУИ ги заборави Албанците, единствено се грижеше за богатството на неколку луѓе од врвот на партијата

Читај повеќе

Во објект во Карпош каде работеле две жени влегол маж и се самозадоволувал

Читај повеќе

Американец кој се борел во украинската армија осуден на 6 години затвор во Русија

Читај повеќе
  • play_arrow

Филипче: Мицкоски има обврска пред граѓаните и пратениците да го каже планот за евроинтеграцијата на Македонија

Читај повеќе

Ердоган: Израел ќе ја плати цената за геноцидот во Газа

Читај повеќе
  • play_arrow

Орбан: Ќе им ги однесеме мигрантите во Брисел и ќе им ги оставиме пред канцелариите на ЕУ

Читај повеќе

Двајца Американци ја добија Нобеловата награда за медицина

Читај повеќе