Платениот паркинг е секојдневниот во модерниот свет во сите метрополи, но некаде е поскап од другите места. Според истражувањето на Ubeeko, специјализиран за автомобилскиот сообраќај и патувања, најскапиот европски град за паркирање е британската престолнина Лондон.
Во Лондон еден час паркирање просечно чини 10,40 евра. Во првите пет градови според цената на час паркирање се и Стокхолм, Атина, Осло и Милано, каде за час паркирање во просек се плаќа од 5 до 8 евра, што ги прави овие градови скапи за туристите коишто сакаат да патуваат со автомобили.
Релативно поднослива е цената за паркирање во Амстердам, Париз, Минхен и Рим, каде што за паркирање треба да се издвојат од 4,20 до 4,70 евра.
Најевтиното паркирање во централна и источна Европа, па во Будимпешта чини 1,60 евра на час, а во Прага - 1,30 евра, а во Варшава точно едно евро, пишува Ubeeko.
Податоците за цените за паркирањето и местата за паркирање во цела Европа може да се најдат на специјализираниот портал Parkopedia.