Кадиров повика на џихад во Украина против „сатанистите“ од Западот

Б.С.Б.
/ 26.10.2022 / 12:04

За чеченскиот лидер Рамзан Кадиров војната на Русија во Украина е џихад, барем така ја нарече во објава на Телеграм. Наведе дека си ги сака земјата, народот и традицијата, но не ги разбира оние „кои татковината ја сакаат само со зборови“.

Претседателот на Чеченија смета дека оние луѓе кои го навредувале пророкот Мухамед „денес се борат против нас во Украина“.

Кадиров е сигурен дека „тие сакаат да ја распарчат неговата татковина на делови, да ги понижат, згазат и на крајот да ги сквернават верата и културата така што не би имале никаков идентитет, никаква семејна вредност“.

„Со причина го користам зборот ‘сатанизам’. Таму, на Запад, сатанизмот отворено делува против Русија“, напиша чеченскиот лидер и прецизираше дека „сатанистичка демократија е кога се шират правата на атеистите, а се навредуваат верниците или кога на традиционалните парови им ги одземаат децата, па намерно се оставаат во семејство од ист пол“.

„Јас попрво би се борел против тоа од корен отколку да дозволам оваа грозотија да се врши во нашата татковина“, нагласи Кадиров.

Понатаму, тој вели:

„Ова е џихад, нашите чеченски команданти донесоа одлука не само да се бранат, туку и да напаѓаат. Да ги уништат тие шејтани, без разлика каде се и колку добро се кријат“, заклучи Кадиров.

URL
реклама

Старт-стоп системите стануваат минато

Read more

Затишје пред бура: Цените на половните автомобили пред драматична промена

Read more

Германија подготвува најстрог сообраќаен закон: Целосна забрана за апликации за предупредување од камери

Read more

Малолетник возел без дозвола и удрил во 42-годишник

Read more

Свет

Иран испраќа порака до САД: Докажете дека навистина сакате договор

Read more

Пет европски земји: Навални бил отруен со токсин што го има во еквадорски жаби

Read more

Руските медиуми објавуваат дека 177.433 руски војници се убиени во Украина од почетокот на војната

Read more

Истребувањето на луѓето во Газа мора да престане, вели претседателот на Комисијата на Африканската унија

Read more
 

Вести

Поради врнежи од снег воведена забрана за камиони и автобуси на патот Тетово-Попова Шапка

Читај повеќе

Иран испраќа порака до САД: Докажете дека навистина сакате договор

Читај повеќе

Пет европски земји: Навални бил отруен со токсин што го има во еквадорски жаби

Читај повеќе

Суспендирана полицајка од Кочани: Се сомничи дека лишила од слобода нејзина колешка

Читај повеќе
  • filter

Мицкоски: Пораките на Марко Рубио од Минхенската безбедносна конференција се јасен сигнал за сите сојузници

Читај повеќе

Малолетник возел без дозвола и удрил во 42-годишник

Читај повеќе

Убиство во Челопек, 25-годишен маж задушил жена со перница

Читај повеќе

Руските медиуми објавуваат дека 177.433 руски војници се убиени во Украина од почетокот на војната

Читај повеќе

Променливо облачно време со дожд и засилен ветер

Читај повеќе