Ако вашето детство и рана младост се поклопуваат со 90-тите, тогаш знаете дека тоа беше најдобрата деценија за семејни празнични филмови.
Не можевме да ги замислиме новогодишните празници и зимскиот распуст без лудориите на Кевин Мекалистер, кучињата кои зборуваат во „Look Who’s Talking“ или магијата на празниците во „Miracle on 34th Street“, кои ги гледавме со целото семејство собрано во дневната соба.
Оваа празнична сезона потсетете се на оваа празнична магија и направете си домашен кино-маратон со омилените празнични филмови од 90-тите.
Соберете ги другарите и роднините, направете мнооогу храна и соберете се повторно во дневната соба.
Тимот на Кајгана ве потсетува на овие филмови за вашата празнична филмска плејлиста:
Home Alone
Home Alone 2
Richie Rich's Christmas Wish
While You Were Sleeping
Miracle on 34th Street
Dumb And Dumber
The Ref