Како Балканец се справува со „рамноземјаши“?

Групата Flat Earth Balkan на Facebook е регистрирана во Нови Сад, но собра приврзаници од целиот Балкан. Вчераутро, поддржувачите на теоријата дека Земјата е рамна се соочија со неочекувана ситуација.

Групата Flat Earth Balkan собра повеќе од 3.700 членови за две години. Правилото е јасно – „ова е група исклучиво за рамноземјаши кои се сериозни и го следат истражувањето на Рамната Земја. Во оваа група, луѓето кои го шират паганското мислење (планети и глобуси), тука нема што да бараат", се вели во описот на групата, што е сличен принцип на сите заедници кои ја пропагираат оваа теорија на заговор.

Но, вчераутро следбениците на оваа група и забележаа нешто необично. Нивната група повеќе не се вика „Рамна Земја“, но некој го сменил името и сега се вика Round Earth Balkan (Тркалезна Земја Балкан) – што е целосн спротивно од она што го пропагираат нејзините членови. Следеше паника, па „истрага“ што се случува и кој дозволил да се случи таков скандал.

Наскоро се јави еден човек кој рече дека е одговорен за промената на името. Тоа е Мустафа Сејдиновиќ од Босна и Херцеговина. Тој објави пост во групата преку кој се обидува да ја испрати пораката „на најбезболен начин“: Земјата не е рамна.

„Како е можно човечкиот мозок, вашиот мозок, да мисли дека ја знае вистината за заговорот на НАСА, да негирате проверени и докажани научни факти, кога не сте во можност да ги проверите ни луѓето што се приклучуваат на вашата група. Не само тоа, туку и му дадовте административна позиција што значи дека можам да направам што сакам. Вашето размислување е како на човек кој гласно ќе каже дека е физички подготвен да се искачи на Монт Еверест, а ќе се онесвести додека се искачи на најблискиот рид“, напиша Мустафа.

Тој сподели скриншот од оваа објава на неговитот личен профил, имајќи предвид дека групата е заклучена и дека администраторот прво мора да ве одобри да бидете нејзин член. Кога ќе се обидете да се приклучите, ве пречекува прашање, на пример, колку долго се занимавате со проучување на рамната Земја.

Мустафа напиша дека оваа 2020 година е многу тешка, но затоа е тука да ви го подобри денот, неделата, месецот или можеби целата година.

„Бев член на групата Рамна Земја, еден збир на лудаци и имав на ум да ги зае*авам, ама како? Безмилосно ги бришеа сите ‘глобусари’, па морав да се кријам и да чекам. А потоа, вчера, како нарачано, прашуваат дали некој сака да биде админ. Не чекав, одговорив, и замислете ве молам, ми дадоа да сум админ! Мене, кого не го ни знаат, кого би можеле да го проверат со само еден клик на профилот. Мојот момент за зае*авање дојде и тоа го изведов спектакуларно. Гледајте ги скриншотите и уживајте“, напиша Мустафа во објавата што досега има 16.000 лајкови.

Dragi moji i drage moje, znam da nam je ova prokleta 2020-ta bila jako teška, ali zato imate mene, da vam popravim...

Posted by Mustafa Musa Sejdinović on Wednesday, December 16, 2020

 

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Чек дис аут

Фараоновото проклетство: Дали прерано ќе умре оној кој ќе ја отвори гробницата?

Read more

Еден од најактивните вулкани во светот исфрла злато во вредност од 6.000 долари секој ден

Read more

Бургер на едноставен начин

Read more

Скопски сеоски фудбал: Зајко пасе позади гол

Read more
 

Магазин

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Читај повеќе

Време е да научите како паметно да се расправате во врската

Читај повеќе

Дали не смеете да јадете црвено месо?

Читај повеќе
  • filter

Фараоновото проклетство: Дали прерано ќе умре оној кој ќе ја отвори гробницата?

Читај повеќе

Зошто не е добра идеја да пиете кафе после јадење?

Читај повеќе

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Читај повеќе

Како да станете поодговорни со вашите пари?

Читај повеќе

Несоницата предизвикува мозочни и срцеви удари

Читај повеќе

Што е сексомнија?

Читај повеќе