Како да го надминете стравот од теретана?

Дали се чувствувате непријатно во теретана? Тоа е сосем нормална работа, барем првите неколку пати. Додека да ја стекнете навиката на одење во теретана секогаш ќе се чувствувате несигурно, бидејќи не познавате никого и не знаете што треба да правите. Но, не грижете се, бидејќи постојат начини да го отстраните стравот.

Личниот тренер Рис Причард состави листа од совети за сите оние кои се чувствуваат несигурно во првите чекори во теретана.

Не плашете се да побарате помош

„Нема потреба да се плашите од теретаната и да го комплицирате одењето во неа. Не плашете се да ги прашате тренерите за некаков совет во случај да сте збунети. Сите биле збунети кога првпат отишле во теретана, но и сите успеале да го пребродат тој страв. Стравот ќе исчезне кога ќе ја прифатите теретаната како ваш терен“, вели Причард.

Поведете друштво

Според Причард, најлесниот начин за ослободување од стравот е да отидете во теретана со пријател. Не само што тој може да ви помага додека вежбате, туку и нема да се чувствувате осамено.

Немојте да брзате

Додека сте почетник во теретана, не брзајте со вршење на вежбите, без разлика дали се работи за лентата за трчање, точакот или пак клупата за подигање тежина. За почеток, пробајте со полесни вежби и потоа постепено прогресирајте.

Најдете алтернатива за тешките вежби

Ако сакате да подигате тежина, мора да знаете дека тие вежби се резервирани за оние кои не се почетници. Најдете нивна алтернатива, па кога ќе ги совладате полесните верзии на тие вежби, префрлете се кон вежбање со тегови и поголеми тежини.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Фит

Зошто пливањето е една од најдобрите вежби што можете да ги изберете?

Read more

Каде грешиме со појадокот и поради тоа имаме проблеми со надуеност?

Read more

5 знаци кои покажуваат дека не јадете доволно

Read more

Личен тренер откри колку протеини дневно треба да внесуваме за успешно слабеење

Read more
 

Магазин

Вкусни телешки шницли од само 5 состојки

Читај повеќе

Хороскопски знаци што го пикаат носот секаде: Ги интересира сѐ и повеќе отколку што треба

Читај повеќе

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Читај повеќе

Зошто пливањето е една од најдобрите вежби што можете да ги изберете?

Читај повеќе

Стјуардеса ги откри најдобрите места за деца и зошто родителите со бебе не треба да летаат ноќе

Читај повеќе
  • play_arrow

Рецепт на денот: Ќофтиња со кашкавал и зеленчук

Читај повеќе

Како да го намалите нивото на кортизол во телото ако постојано сте под стрес?

Читај повеќе

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Читај повеќе

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Читај повеќе