Како да го носите безвременското сако од твид оваа есен?
Твидот и текстурираните материјали кои изгледаат така, се одличен избор за есенски деловни комбинации, но и за малку поелегантни прилики.
Познатите комплети на Chanel по кои е позната француската модна куќа, се нашата инспирација за постудените денови што доаѓаат. Легендарниот сет, создаден од дизајнерската легенда Коко Шанел и ажуриран од Карл Лагерфелд, не стана само симбол на модата, туку и женската сила и моќ.
Разните модели на сакоа изработени од овој материјал, со златни копчиња, во комплет со мини здолништа даваат доза елеганција, а доколку се комбинираат со патики или балетанки, се исклучително практични.
Позајмете ги овие стилски инспирации од светската улична мода.