Како да ја намалите високата температура на природен начин?

Има неколку природни, едноставни и докажани методи.

Зголемената телесна температура е знак дека телото преку природен механизам се бори со инфекција или воспаление што се случува во телото во тој момент. На овој начин телото испраќа сигнали дека одбрамбениот механизам е зајакнат и дека имунолошкиот систем добро функционира.

Ако земеме предвид дека нормалната телесна температура варира од личност до личност, како и во периодот од денот, интересно е да се забележи дека секое такво осцилирање не е знак дека телото минува низ состојба на воспаление или инфекција. Ако зборуваме за малку покачена температура кај возрасните - онаа која варира помеѓу 37 - 38, често дури и не треба да се третира посебно. Во овој случај, останувањето дома со одмор и внесувањето повеќе течности помага да се намали температурата и да се опорави телото.

Како да ја намалите температурата?

Но, кога термометарот покажува дека температурата на телото надминала 38 Целзиусови степени, а пред да одлучите да земате лекови со парацетамол, постојат неколку природни и едноставни методи преку кои можете да дејствувате.

Ова се 7 совети како да ја намалите температурата на природен начин

Подгответе чај од свеж ѓумбир

Бидејќи ѓумбирот има високо ниво на етерично масло од ѓумбир, кое има антиинфламаторни својства и делува како природен антиоксиданс, чајот направен од корен од ѓумбир може речиси веднаш да ја намали телесната температура. Свежиот ѓумбир има високо ниво на витамин Ц, калиум и магнезиум, кои освен што ќе ја намалат високата температура, ќе ја елиминираат и болката во мускулите која често ги придружува ваквите воспаленија.

Препорачуваме да користите чај од ѓумбир со лажичка мед. Оваа природно моќна комбинација, освен што позитивно влијае на намалувањето на телесната температура, истовремено делува и како силен поттик во работата на имунитетот.

Сировиот лук помага да се намали температурата

Покрај тоа што лукот ја намалува температурата, неговите антимикробни својства активно го спречуваат воспалението во телото. Научните истражувања спроведени во последните две децении успешно ги потврдија тезите кои традиционалната кинеска медицина, како и бројни други култури во светот, ги застапува уште од древни времиња. Така, докажано е дека лукот има неколку важни антимикробни компоненти, од кои најважен е алицинот. Ова природно соединение делува против вируси, бактерии и габи, па затоа лукот игра важна улога во природното намалување на температурата.

Кога сакате да ја намалите температурата на природен начин, најдобро е да исечкате или згмечите чешне лук и да го јадете сирово. Покрај тоа, во млака вода можете да ставите и сечкан лук и да го испиете.

Истуширајте се со млака вода

Еден од најстарите методи за намалување на високата температура е туширањето со млака вода. Без разлика дали се работи за деца или возрасни, потребно е да се погрижите водата за време на туширањето да не е топла, бидејќи тоа ќе има спротивен ефект. Внимавајте водата да не е премногу ладна, бидејќи тоа може да предизвика дополнителен шок во телото.

За да ја проверите ефикасноста на овој метод за отстранување на температурата, измерете ја температурата пред и после туширање со млака вода.

Бања со сол и есенцијално масло од чајно дрво

Кога станува збор за висока температура, а особено во случај на вируси кои се придружени со болки во мускулите, топлата купка со сол делува како природен лек кој има речиси моментален ефект. Морската сол го подига нивото на електролити во телото, а престојот во топла бања ќе ги замени изгубените течности. Доколку дома имате етерично масло од чајно дрво, додајте го во купката и на овој начин ќе го зајакнете благотворното дејство на солената купка.

Млаки облоги против температура

Зголемената телесна температура често е придружена со зголемено потење, што е еден од механизмите за исфрлање на бактериите од телото. Поради тоа што во овој период е особено важно да се внимава на хидратацијата на телото, за намалување на температурата помагаат и млаките облоги за тело. Можете да ставите топли облоги на главата, рацете или нозете и да ги чувате во интервали од 10 минути или додека не се изладат.

Изладете ја просторијата во која престојувате и проверете дали воздухот е доволно влажен

Додека телото се бори со инфекција или воспаление, не е препорачливо да останете во загреани простории. Поради оваа причина, добро е почесто да ја проветрувате просторијата во која престојувате и дополнително да внимавате на влажноста на воздухот. Во случај кога високата температура е придружена со воспаление на синусите, влажниот воздух ќе поттикне полесно дишење.

Влажноста на воздухот во просторијата може да се зголеми со користење на дифузер во кој можете да додадете есенцијални масла или со поставување на сад со вода на радијаторот.

Зголемете го внесот на пробиотици

Истражувањата покажаа дека пробиотиците позитивно делуваат на намалување на воспаленијата во организмот, а во исто време влијаат и на работата на дигестивниот систем. Пробиотиците содржат добри бактерии кои освен што ја намалуваат телесната температура, позитивно делуваат и на превенција од воспаленија. Некои од најпознатите природни пробиотици се кефир, јогурт, кисела зелка која е богата со витамин Ц, комбуха и кисели краставички.

реклама

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Како да го зачувате лебот свеж без да го ставате во фрижидер?

Read more

Здравје

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Синдром на немирни нозе: Кои се знаците по кои се препознава?

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Зошто е опасно за жените да земаат вијагра?

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

Скептични сте за одење во Источна Европа? Ја имаме најдобрата туристичка реклама

Читај повеќе

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Читај повеќе

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Читај повеќе
  • play_arrow

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Читај повеќе

Синдром на немирни нозе: Кои се знаците по кои се препознава?

Читај повеќе

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Читај повеќе

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Читај повеќе

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Читај повеќе

Како сами да направите антицелулитно масло?

Читај повеќе