Како да пријавите семејно насилство за време на полицискиот час?

Скопје, 10 март 2021 (МИА) – И за време на полициски час, жртвите на родово базирано или семејно насилство ќе можат да пријават на 192, СОС линиите, во Центрите за социјална работа или најблиската полициска, информираат од Министерството за труд и социјална политика.

Оттаму потенцираат дека, согласно мерките и активностите за превенција од ширење на коронавирусот донесени од Владата и одлуката за забрана за движење од 22:00 до 05:00 часот наредниот ден, почнувајќи од 10 март до 22 март, жртвите на семејно насилство кои имаат потреба од помош, поддршка и заштита најпрво да се јават на Националната бесплатна мобилна СОС линија за жртви на семејно насилство 070/075/077 141 700.

-Оваа телефонска линија обезбедува 24 часовна точна, навремена и доверлива информација за заштита на жртвите, достапните услуги и телефонско советување на жртвите на родово базирано насилство и семејно насилство или да побара помош на мобилната апликација BE SAFE, велат од МТСП.

Апликацијата за помош и поддршка на жртвите на насилство „Биди безбедна“, достапна на три јазици: македонски, албански и ромски.

-Преку оваа апликација на семејно насилство и родово базирано насилство брзо и едноставно да побараат помош и поддршка, без разлика на времето и местото на кое се наоѓаат кога се во опасност или кога сакаат да имаат потреба од поддршка, нагласуваат од Министерството.

Преку следните линкови може да ја спуштите апликацијата на секој паметен телефон.

Хуавеј: ТУКА

Андроид: ТУКА

Apple: ТУКА

Од МТСП истакнуваат дека заедно со останатите институции координирано постапуваат и преземаат конкретни мерки за заштита на жртвите согласно законските надлежности за итно и должно постапување и за време на полициски час.

-Стручните лица од центрите за социјална работа имаат дозвола за непречено движење и за време на полициски час, со цел жртвите да ја добијат потребната заштита и поддршка. Сите кои сакаат да пријават насилство тоа треба да го сторат и за тоа не им е потребна посебна дозвола. Тие непречено можат да се движат до најблиската полициска станица, информираат од МТСП.

Оттаму ги охрабруваат сите жени кои се соочуваат со каква било форма на родово базирано насилство или семејно насилство да пријават на 192, СОС линиите, во центрите за социјална работа или најблиската полициска станица.

-Институциите даваат највисок приоритет на пријавите на родово базирано насилство или семејно насилство и ги преземаат сите мерки за заштита на жртвите, потенцираат од МТСП.

реклама

Македонија

Три лица се обиделе да влезат во објект каде што се чува изборен материјал, не е причинета штета

Read more

Личните документи ќе можат да се подигнат и в среда, извести МВР

Read more

На денот на изборите автобусите по неделен возен ред, жичницата нема да работи

Read more

Од полноќ пониски цени на горивата

Read more
 

Вести

Руски хакери ги нападнаа веб-страниците на косовските институции

Читај повеќе

Три лица се обиделе да влезат во објект каде што се чува изборен материјал, не е причинета штета

Читај повеќе

Самостојна изложба на Камуран Горанци, Код 4

Читај повеќе

Венеција за само 11 дена заработи огромна сума на пари со наплата на влезници

Читај повеќе

Хамас ќе предаде 33 заложници, некои од нив се мртви

Читај повеќе

Кривични против поранешен градоначалник на скопска општина и директорка на детска градинка

Читај повеќе

Личните документи ќе можат да се подигнат и в среда, извести МВР

Читај повеќе

На денот на изборите автобусите по неделен возен ред, жичницата нема да работи

Читај повеќе

Италијанскиот министер за одбрана: Треба да преговараме со Путин

Читај повеќе