Како другите држави го празнуваат Велигден?

Празникот Велигден е еден од најголемите и најсветите празници во христијанството. Велигден секогаш е во пролет, а покрај црковните обичаи, главно обележје на Велигден е велигденската трпеза полна со шарени јајца. Иако празникот кај сите христијаните има исто значење, обичаите на прославување се разликуваат зависно од културата и традицијата.

Славењето на големиот велигденски празник во Русија е преземено од Византија кон крајот на X век. Од тогаш, овој христијански празник е еден од најголемите празници и се прославува низ цела Русија. Денот пред Велигден сите цркви работат во текот на ноќта и се организираат верски поворки околу црквите. Во домаќинствата веќе е испечен познатиот „кулич”, кој претставува традиционален празничен леб што го симболизира Христовото тело и сите домаќинки веќе ги имаат обоено велигденските јајца. Велигденското утро започнува со посетување на соседите и подарување на велигденски јајца. Вообичаената фраза што се изговара тој ден е: „Христос воскресе!" и потоа следи одговорот „Воистину воскресе!" Ова традиционално поздравување, проследено со гушкање и тројно бакнување се нарекува „бакнеж на мирот". Христијанската велигденска гозба во Русија трае седум дена и се нарекува Света недела. Христијанскиот празник Велигден се смета како ден на трпеза со богата храна. Главни оброци на секоја трпеза се: велигденските колачи, „куличот” и велигденските јајца. Велигденското јајце, кое традиционално е обоено со црвена боја со сите нијанси, било задолжителен симбол на христијанскиот Велигден во 12 век. Високиот и кружен „кулич” отсекогаш бил подготвуван од тесто со квасец. Се верува дека квалитетот на велигденскиот леб обезбедува благосостојба на семејството.

Велигден во САД е едно од најголемите празнувања на Христијаните и секоја од соединетите држави има свој начин на прославување, обичаи и навики. Се прават големи паради во кои предводниците носат велигденски свеќи или крстови. Некои од традиционалните обележја за време на овој празник се оние, како на пример:  децата ја играат популарната игра со шарени јајца Easter Egg Roll која има огромна традиција во Вашингтон и во САД , а се одржува и во Белата куќа. За овие празници се подготвува специјалитет со варена шунка или јагнешко, се бојадисуваат велигденски јајца и потоа се игра традиционалната потрага по тие јајца – Egg hunt. Во САД техниките на вапсување и украсување на јајца се менувале со текот на времето. Бабите уште многу одамна користеле лушпи од кромид и цвекло за да добијат природни бои со кои ги вапсувале велигденските јајца. Би рекле дека велигденската трпеза, на оние американски семејства кои го празнуваат Велигден, никогаш не поминува без шунка. Се подготвува на голем број начини и по разни рецепти, како на пример, шунка глазирана и испечена со мед. Исто така, еден велигденски неодминлив специјалитет се и т.н. „ѓаволски јајца со шунка” (deviled ham eggs) кои се популарен „стартер” за време на велигденските гозби.

Велигден (Paaszondag) е празничен, семеен ден во Холандија, кога луѓето подготвуваат празничен појадок или ручек за семејството и пријателите. Холанѓаните исто организираат детска потрага по шарени или чоколадни јајца, кои според верувањата ги носи велигденското зајаче, кое во приказните е лик кој бил облечен, одел на две нозе и носел кошница со јајца. На Велигден, христијаните во Холандија го слават Христовото воскреснување откако ќе поминат велигденските пости познати како Lent или vastentijd, а по Велики петок и Велика сабота.  Што се однесува до украсувањето за време на овие празници, неодминлив дел од декорот на Холанѓаните се велигденските јајца и разни пролетни тематски декорации, па така голем број домови се декорирани со врбови гранчиња, мали дрвени јајца и други украси. Во источните делови на Холандија обичај е да се палат огнови, наречени paasvuren.

Голема традиција во Холандија е да се бојосуваат варени јајца со многу убави различни декорации и шаблони. Според Холандскиот фолклорен центар, бојосувањето јајца за Велигден се наоѓа на петтото место на списокот на најпознати холандски традиции низ историјата. Бојосаните или чоколадни јајца се кријат во куќата или низ дворот за децата потоа да ги бараат, а постои традиција и на полнење дрвена кломпа со украсни јајца.  Paasstol е познато велигденско лепче во Холандија, кое е дел од многугодишната традиција на празнување и е неодминлив декор на секоја велигденска софра. Тоа е всушност сладок леб направен од марципан измешан со сушени овошни плодови, кој традиционално се служи во Холандија за време на велигденските празници, украсен со јајце во средината.  Тука е и таканаречениот аdvocaat, холандска верзија на крем направен од жолчки, кој се сервира со малку шлаг на врвот и се јаде со лажичка.

Велигден е вистински празник кој во Словенија го собира целото семејство заедно, празник кој е полн со традиција и  обичаи кои живеат со години. Велигденската трпеза е вистинско волшепство и празник за очи, преполна со традиционални специјалитети кои со исклучително внимание ги подготвува секое семејство. Посебно внимание се посветува на подготовката на традиционално вапсаните велигденски јајца кои се нарекуваат „пирхи”. Украсените бојосани јајца се еден од најпрепознатливите велигденски симболи и ја отсликуваат Словенија и различноста на нејзините региони. Исто така, во Словенија постојат голем број традиционални обичаи и празнични игри, какво што е, на пример, „сечењето на велигденските јајца”.  Преку различноста на подготовката на велигденски јајца и нивните имиња најдобро ги спознаваме регионите во Словенија. На пример, јајцата од регионот Корошка и Штаерска се наречени „писанке”. Во Прекмурје и Прабје ги нарекуваат „ременке”, а „ременица” ги нарекуваат само понекаде во Прекмурје и Штаерска. Во Бела Краина  ги нарекуваат „писанице”, „пиерха”. Јајцата од Идрија се познати по препознатливата шара, а велигденските јајца од Врхника со преку 15 илјади ситни дупчиња се вистинско ремек дело. Карактеристика за Бела Краина се уникатните „писанки” кои се симбол на регионот долж реката Колпа. Овие преубави орнаменти се создадени со помош на стопен восок и со гребење на шаблони во црна и црвена боја. Велигденските празнувања започнуваат со традиционалниот велигденски појадок, а на трпезата мора да има месо, рен, леб, ролат-колач и секако традиционалните вапсани јајца кои се нарекуваат „пирхи”. Неодминлив специјалитет за Велигден е секако и варената шунка во тесто, која домаќинките ја подготвуваат.

Велигден во Унгарија претставува голема христијанска традиција која го прославува Исус кој се издига од мртвите. На Велигденскиот понеделник, традицијата наречена „Locsolkodás" вклучува момчиња и мажи кои рецитираат песна на жените и девојките и потоа ги прскаат со парфем. Во екстремни случаи обичајот може да вклучува и кофа со ладна вода! Првобитно, обичајот бил за младите немажени жени, но потоа чинот (кој има врска со претходните пагански ритуали на плодност) се проширил и кај другите жени од сите возрасти. Во минатото тоа било форма на додворување и помладите жени биле среќни да бидат „попрскани" од додворувачите, но денес кај младите полека се губи интересот за оваа традиција. Во замена за секое „попрскување", дамите им давале на мажите специјално обоени велигденски јајца, домашни колачи или „палецка” (унгарска овошна ракија). Шарените јајца се дел од велигденската традиција во Унгарија. Во духот на оваа христијанска традиција, јајцата биле вапсувани црвени (да ја симболизираат крвта на Исус), но во последниве векови ова се сменило во јајца што биле обоени  во различни бои. Цветните мотиви, кои често се вградени во декорацијата, го отсликуваат везот и мотивите присутни на народните носии од унгарското наследство. Специјална техника се користи за декорација: восокот се користи за исцртување на дизајнот на јајцето, кое се бојадисува и потоа восокот се топи, оставајќи бела трага на претходно обоеното јајце. Алтернативен метод на боење на јајцата е што се ставаат во вода со лушпи од кромид и така добиваат кафена боја. Во Унгарија, „велигденското зајаче”, многу популарно, носи чоколадни јајца за мали деца, кои  понекогаш се скриени во куќата или во градината. Велигденскиот пост трае до крајот на Светата сабота (ноќта од сабота кон недела) или до недела наутро, а празникот почнува во недела. На луѓето кои постат не им е дозволено да  јадат месо. На Света сабота (Nagyszombat) во Унгарија е вистински празник. Шунка, тврдо варени јајца и рен се најчестите оброци на типична унгарска велигденска трпеза. Постојат многу различни десерти, но еден од најпознатите е Fonott Kalacs кој претставува вкусен благ леб, полнет со суво грозје.

Има уште многу традиции и различни начини на одбележување на овој голем празник и сечиј начин носи своја симболика и порака. За да ги откриете традициите и да бидете дел од интернационалната велигденската трпеза, Скопје Сити мол во соработка со амбасадите од повеќе држави ве носи на незаборавна прошетка низ Велигденски свет без граници. На 3ти и 4ти април, вторник и среда од 18 до 19 часот на главниот влез во Скопје Сити мол дознајте како другите држави, а како Македонија го празнуваат Велигден. Убавината е во различноста, а запознавањето со другите традиции е доближување до нив. Инспирацијата од различните култура е само еден од начините да го направите и вашиот дом поразличен и празничното прославување побогато и посвечено.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Живот

Хороскопски знаци што го пикаат носот секаде: Ги интересира сѐ и повеќе отколку што треба

Read more

Стјуардеса ги откри најдобрите места за деца и зошто родителите со бебе не треба да летаат ноќе

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Read more
 

Магазин

Хороскопски знаци што го пикаат носот секаде: Ги интересира сѐ и повеќе отколку што треба

Читај повеќе

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Читај повеќе

Зошто пливањето е една од најдобрите вежби што можете да ги изберете?

Читај повеќе

Стјуардеса ги откри најдобрите места за деца и зошто родителите со бебе не треба да летаат ноќе

Читај повеќе
  • play_arrow

Рецепт на денот: Ќофтиња со кашкавал и зеленчук

Читај повеќе

Како да го намалите нивото на кортизол во телото ако постојано сте под стрес?

Читај повеќе

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Читај повеќе

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Читај повеќе

Која храна содржи најмногу пластика?

Читај повеќе