Како изгледа новиот секси календар со австралиските пожарникари?
Австралиските пожарникари од 1993 година до денес имаат собрано над 3.2 милиони долари за различни хуманитарни донации.
Нивните секси календари имаат помогнато на многумина, а оваа година е особено важна бидејќи средствата ќе бидат наменети за лекување и третман на повредените животни од неодамнешните пожари. Освен што се згодни, овие момци се и големи хуманитарци кои без проблем позираат со слатки животни.
Уживајте во секси календарот на австралиските пожарникари за 2021 година.