Како изгледа стан од милион евра во Белград на вода?

На Х е споделено видео на кое се гледа внатрешноста на луксузен стан во Белград на вода, кој чини повеќе од милион евра.

На почетокот на видеото на кое се гледа луксузниот стан, агентот за недвижности вели дека по завршувањето на изградбата бил „целосно соголен“ за секој дел да биде најквалитетен.

Коментирајќи го ентериерот, тој понатаму наведува дека сите санитарни јазли се од луксузниот бренд Gessi.

„Дури и оваа четка за тоалет чини 700 евра“, вели тој.

Наведено е  и дека сменет бил секој кабел и осигурувач и поставен бил систем за паметен дом, а прикажани се и радијатори од по 3.000 евра.

„Немојте да се чудите што никогаш досега не сте виделе вакви радијатори“, продолжува тој.

Подовите на станот се обложени со најквалитетен италијански паркет од орев чија цена е 260 евра за метар квадратен.

Има и подно греење, дури и на терасите со поглед на реката Сава. Станот се наоѓа во зградата BW Terraces која има сопствен базен и теретана.

URL

Белград на вода, односно Београд на води, е проект за развој на урбана обнова, предводен од Владата на Србија, чија цел е подобрување на градскиот пејзаж и економијата на Белград преку ревитализација на амфитеатарот Сава, запуштен дел од земјиштето на десниот брег на реката Сава, помеѓу Београдски сајам и Бранков мост. Почна да се гради во 2014 година.

Тагови
реклама

BBC: Израелците беа убедени дека се недопирливи

Read more

Кафе едно евро, вино две: Која е европската дестинација со рајски плажи?

Read more

Најдени црните кутии: Откриен клучниот момент за падот на индискиот авион

Read more

Што ако Иран го затвори Ормутскиот Теснец?

Read more

Живот

Дали имате финансиска траума?

Read more

Голем неделен финансиски хороскоп од 16 до 22 јуни

Read more

Кафе едно евро, вино две: Која е европската дестинација со рајски плажи?

Read more

Како да препознаете вистински домашен мед?

Read more
 

Магазин

Ручек за носење: Три генијални рецепти за салата во тегла

Читај повеќе

Најдобри протеини за зајакнување на имунитетот и здраво слабеење по 40-тата година

Читај повеќе

Дали имате финансиска траума?

Читај повеќе

Голем неделен финансиски хороскоп од 16 до 22 јуни

Читај повеќе

Кафе едно евро, вино две: Која е европската дестинација со рајски плажи?

Читај повеќе

Како да препознаете вистински домашен мед?

Читај повеќе
  • play_arrow

Евтина храна што го подобрува здравјето на срцето

Читај повеќе

Што му предвидува неделниот хороскоп од 16 до 22 јуни на вашиот знак?

Читај повеќе

Пет намирници кои се поздрави отколку што мислите

Читај повеќе