„Гладијаторот на морето“ или возрасна сабјарка изгледа доста застрашувачки. Но не можеме да го кажеме истото кога станува збор за тукушто роден примерок од оваа риба.
Морскиот биолог Хуан Левеск сподели исклучителна фотографија направена одблизу, од тукушто родена сабјарка.
Како што може да видите, тие се раѓаат многу малечки - новородените сабјарки се долги неколку милиметри, а достигнуваат дури до три метри во должина кога ќе пораснат.