Kако изгледа затворот каде Караџиќ ќе го помине остатокот од животот?

Пред неколку дена, воениот злосторник Радован Караџиќ беше сместен во викторијанскиот островски затвор во Велика Британија, каде ќе го помине остатокот од својот живот.

Ако пребарате на YouTube ќе најдете видео од внатрешноста и екстериерот на „новиот дом“ на Караџиќ.

Единаесетминутното видео е објавено од профилот Abandoned Isle od Wight на 1 октомври 2019 година, на чиј канал се објавуваат и други снимки од напуштени куќи и други интересни места на овој остров.

Remote video URL

Затворскиот комплекс е снимен од воздух и од надвор и од внатрешноста на зградата. Покрај високата ограда и бодликавата жица најгоре, затворот е опкружен со камери, како и надворешни чувари. Меѓу ѕидините има затворски ќелии, капела, болница, спортски центар, двор и слични објекти.

Караџиќ неодамна беше префрлен во овој затвор од друг затвор во Велика Британија, поради страв од можна одмазда на муслиманите, имајќи предвид дека тој беше осуден за воени злосторства во Босна и Херцеговина и геноцидот во Сребреница. Во овој затвор има помал процент муслимани, а покрај тоа има претежно стари лица, луѓе со деменција, силувачи и педофили.

Медиумите претходно објавија дека „Ѕверот од Босна“ ќе биде сместен во ќелии без тоалет, а воениот злосторник се пожалил на своето семејство дека просториите се полни со канцероген азбест и дека му се ускратени правата на вероисповест. Тој исто така изјавил дека му е тешко што нема компјутер затоа што не може „културно да се издигне“, што го имаше во „Хашкиот Хилтон“.

Затворот на Островот Вајт каде е сместен Караџиќ работи од 1863 година и некогаш важеше за еден од најстрогите во земјата. Многу екстремно опасни криминалци ги издржуваа затворските казни тука, како што се убијците близнаци, јоркширскиот мевосек Питер Сатклиф, Иан Брејди, познат и по убиства и по силувања, Чарли Крај, најстариот од тројцата браќа кои беа затворени за шверц на кокаин, како и многу други.

реклама

Балканско-Кавкаска песна на Евровизија

Read more

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Read more

Свет

Претепани политичари во Германија, граѓаните излегоа на улица

Read more

Русија најави вежби за тактичко нуклеарно оружје: Одговараме на провокациите

Read more

Студентски протести за Газа почнаа во Белгија и Холандија

Read more

Што да очекуваме по денешната инаугурација на Путин?

Read more
 

Вести

Бојан Јовановски за пријавата од Кичеец: Ова е почеток на една битка со цела криминална банда

Читај повеќе

Советот на Европската Унија го усвои планот за раст за Западен Балкан

Читај повеќе

Претепани политичари во Германија, граѓаните излегоа на улица

Читај повеќе

Ден пред двојните избори гласаат болните и изнемоштените лица, затворениците и дијаспората

Читај повеќе

Русија најави вежби за тактичко нуклеарно оружје: Одговараме на провокациите

Читај повеќе

Тешка сообраќајка кај Влае – има повредени, едното возило преполовено

Читај повеќе

Студентски протести за Газа почнаа во Белгија и Холандија

Читај повеќе
  • play_arrow

Што да очекуваме по денешната инаугурација на Путин?

Читај повеќе

Италија: Лани лично го предупредивме Зеленски, контраофанзивата беше грешка

Читај повеќе