Тајната е во состојка која ќе ја додадете во водата за перење.
Подготовката за складирање на вашата зимска гардероба може да биде полесна отколку што мислите.
Еве неколку правила како јакните и палтата да изгледаат како нови следната зима.
Повеќето зимски облеки може да ги перете во машина, но клучно е да користите програма за волна и да перете на ниски температури. Не претерувајте со детергентот и избегнувајте омекнувачи кои можат да го оштетат материјалот. Наместо тоа, додадете малку алкохолен оцет.
Ваквата облека по перењето оставете ја да се суши надвор, на тераса или во просторија каде што има сончева светлина. Важно е добро да се исушат, особено капите и џебовите. Плетениците секогаш сушете ги легнати, за да не се истегнат. За дополнителна свежина, вакумирајте ја секоја јакна со кесичка лаванда или друг мирис по ваш избор.
Што се однесува до полесните јакни, можете да ставите повеќе парчиња во една кеса за лесно складирање.
Следете ги овие чекори и вашата зимска гардероба ќе биде подготвена за следната сезона.