Како критичарите го оценија новиот филм на Квентин Тарантино?

Втор викенд по ред во Северна Америка се прикажува најновиот филм на режисерот Квентин Тарантино, кој со буџет од 90 милиони долари досега оствари заработка од 79 милиони долари, според податоците на Box Office Mojo.

„Once Upon a Time in Hollywood“ е деветтиот филм на Тарантино и од него може да очекуваме само уште еден, бидејќи претходно најави дека по десеттиот филм ќе се повлече од Холивуд.

Што велат критичарите за новиот филм на Тарантино? Мислењата се поделени, еден критичар констатираше дека филмот е сентиментален подарок за збогување со Холивуд. Дејството е сместено во 1969 година, кога Чарлс Менсон ги уби бремената актерка Шерон Тејт и нејзини тројца пријатели. Приказната е според вистинит настан, а изгледа дека Тарантино се потруди во бајковитата, носталгична приказна за Холивуд да додаде горчлива и крвава нота. Тарантино во филмот воведува две паралелни приказни и прави чести дигресии, во негов стил.

Бред Пит и Леонардо Дикаприо ја откриваат мрачната страна на филмската индустрија. Во центарот на приказната, која влезе во историјата на Холивуд, се Рик Дактон (Дикаприо) и Клиф Бас (Пит). Меѓу коментарите на критичарот Питер Рајнер е мислењето дека Дикаприо не е добро одбран за улогата на остарен актер кој очајнички се бори да остане активен, додека Пит добро ја одиграл улогата на пропаднат актер кој се помирил со работата како шофер, додека Марго Роби како Шерон Тејт добро ја има одиграно улогата на наивка која не се снаоѓа во светот на Холивуд.

Критичарот Ричард Броди од New Yorker го опиша Тарантино како режисер кој од самиот почеток го зграпчува гледачот за реверите, не го пушта и целото време ми зборува, зборува сè што ќе му падне на памет.

Од друга страна, Питер Вордер Хар позитивно го оцени филмот и го пофали Тарантино дека на самиот крај на кариерата создава дело во кое покажува колку е одличен како уметник. За Боб Блум филмот е многу уверлив, а авторот со него ја искажува љубовта кон филмската уметност.

И Дејна Стивенс е задоволна што во филмот има многу вербални и визуелни шеги и финти и искрено додава дека уживала иако филмот трае скори 3 часа. Главно, филмските критичари имаат позитивно мислење за филмот.

Но, контроверзиите не стивнуваат. Сцената во која ликот на Пит се бори со „арогантниот“ Брус Ли предизвика најмногу внимание, барем го привлече вниманието на ќерката на Брус Ли, која изјави дека е обесхрабрена што гледала како нејзиниот татко е исмејуван.

„Ми беше прилично непријатно да седам во киното и да слушам како луѓето му се смеат на татко ми“, изјави Шенон Ли за The Wap.

Слично како неа размислуваат многумина на Twitter.

реклама

Филм & ТВ

Netflix ги изнервира фановите на Emily in Paris

Read more

Три популарни филмови кои Бред Пит не сакал да ги снима

Read more

Елизабет Бенкс и Џесика Бил глумат сестри во новата трилер серија на Amazon

Read more

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Netflix ги изнервира фановите на Emily in Paris

Читај повеќе
  • play_arrow

Три популарни филмови кои Бред Пит не сакал да ги снима

Читај повеќе

Елизабет Бенкс и Џесика Бил глумат сестри во новата трилер серија на Amazon

Читај повеќе
  • play_arrow

Скопје ќе биде домаќин на Светското првенство во хип хоп

Читај повеќе
  • play_arrow

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Читај повеќе

Како изгледа денес Роуз која го демнеше Чарли во Two and a Half Men

Читај повеќе

Пенелопе Крус важи за една од најубавите актерки, со години е на посебна диета

Читај повеќе
  • play_arrow

Новиот Lion King ја раскажува приказната за Муфаса

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе