Како мафијата цвета во време на корона-кризата?

Пандемијата со COVID-19 продолжува, а токму една ваква здравствена криза која премина во економска криза, е идеална за да цвета бизнисот на мафијата.

Италијанската мафија има понуда што тешко може да ја одбијат граѓаните кои се наоѓаат на работ на егзистенција и кои се плашат дека ќе останат без нивните веќе ранливи и ранети бизниси.

Токму оваа тема ја истражи BBC, чија дописничка Софија Бетиза направи сторија за начинот на кој мафијата им приоѓа на граѓаните кои соочени со кризата речиси и немаат друг избор освен да ја прифатат понудената рака која всушност ќе ги повлече надолу откако навидум ќе им помогне да испливаат на површина.

Таа успеа да добие изјава од член на мафијата кој ја врши „теренската“ работа за незаконската организација.

„Луѓето ми ѕвонат и ми плачат на телефон. Ми кажуваат дека децата им се гладни. Една жена ми се јавува секој ден. Има пет деца и не знае како ќе ги нахрани“, вели мажот кој не се идентификува, но нагласува дека „ако помагањето на луѓето значи дека сум мафијаш, тогаш горд сум што сум мафијаш“.

Целта на мафијата со понудената помош во време на криза е да изгледа како да им излегува на луѓето во пресрет како алтернатива за државата, која инсистираат дека ги заборавила, вели Никола Гратери, шеф на Обвинителството во Катанѕаро, Калабрија и инспектор за борба против мафијата.

Remote video URL

Стопанството во Италија веќе со години е во лоша состојба, со висока стапка на невработеност и бавен економски раст. Со пандемијата и карантинот што следеше со неа, некои луѓе паднаа преку работ – во очај. Но, примањето макар и најмала помош од мафијата е екстремно опасен потег.

„Мафијата никогаш не прави ништо од великодушност. Тој концепт не постои за нив“, вели Енѕа Рандо, која работи за антимафијашка организација. „Тие знаат само за она ‘јас тебе, ти мене’“.

На почеток, не бараат ништо за возврат. Но, сите мора да се оддолжат на некаков начин, порано или подоцна.

„Во моментов, бизнисот ми тоне. А кога некој ќе ти фрли појас за спасување, можеш да бираш  - или ќе се удавиш заедно со твоите идеали или ќе пливаш“, вели еден анонимен жител на Сицилија.

Но, мафијата секогаш доаѓа да си ги наплати долговите, во тоа бидете сигурни, вели Гаспаре Мутоло, поранешен сицилијански мафијаш кој стана клучен сведок во десетици случаи против мафијата.

„Токму така порано оперирав лично јас. Секогаш бев толку шармантен. Оставав впечаток дека сум великодушен. Никогаш не си го покажував вистинското лице. Имајте предвид дека бев криминалец кој убил најмалку 20 луѓе“, вели Мутоло.

Тој даваше изјава за BBC од тајна локација каде е под полициска заштита. Вели дека кога му „помагал“ на некое семејство во неволја, нив не ги интересирало кој е.

„Кога децата ти плачат за леб или бизнисот ти пропаѓа, не мислиш на пследиците од тоа што примаш помош од погрешните луѓе. Само мислиш како да преживееш“, вели тој.

А кога ќе дојдело време за локални избори, се враќал кај тие луѓе им им викал: „Се сеќаваш на мене? Ти помогнав кога ти требав, сега ти ми требаш мене. Сѐ што барам е да гласаш за овој кандидат“.

Мутоло кажува дека мафијата има резерви на кеш за во случај на криза и на тој начин е поподготвена и поефикасна да реагира во споредба со државата.

Целата сторија може да ја погледнете ТУКА.

реклама

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Балканско-Кавкаска песна на Евровизија

Read more

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Read more

Живот

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Како сами да направите антицелулитно масло?

Read more
 

Магазин

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Читај повеќе
  • play_arrow

Скептични сте за одење во Источна Европа? Ја имаме најдобрата туристичка реклама

Читај повеќе

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Читај повеќе

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Читај повеќе
  • play_arrow

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Читај повеќе

Синдром на немирни нозе: Кои се знаците по кои се препознава?

Читај повеќе

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Читај повеќе

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Читај повеќе

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Читај повеќе