Како Метју Пери спречи да го замразиме ликот на Чендлер?

Friends е меѓу омилените серии на многу луѓе, а нивната гледаност повторно се зголеми по смртта на Метју Пери.

Откако Пери почина, се откриваат различни нови детали за серијата, па сега е откриен еден момент кој требаше да се случи, но кој тој го спречи.

Имено, во епизодата од петтата сезона The One in Vegas: Part 1, Чендлер требало да ја изневери Моника со вработена во хотел која требало да ја игра актерката Лиса Кеш.

„Дојдов како гостинка и бев многу возбудена. Во сцената, Чендлер и Моника се расправаат околу ручекот со Ричард. Сценариото беше дека Чендлер оди во собата, нарачува собна услуга и јас го услужувам како вработена во хотелот. Почнуваме да разговараме и се поврзуваме и Чендлер ја изневерува Моника со мојот лик“, изјави Кеш.

„Ја вежбавме таа сцена. Еден ден пред снимањето пред публика, ми кажаа дека Пери отишол кај сценаристот и рекол дека публиката никогаш нема да му прости на Чендлер ако ја изневери Моника. Веројатно беше во право! Тоа можеше да го промени текот на серијата и неговиот лик“, додаде таа.

Иако нејзината првична улога беше отсечена од сценариото, Лиза Кеш се појавува како стјуардеса во сцена со Дејвид Швимер и Џенифер Анистон.

Таа рече дека ѝ е многу драго што имала можност да работи со Пери, макар и само за проба на сцена која на крајот не била снимена.

„Се чувствував многу удобно. Беше многу пријатен и фин и поради тоа се чувствував смирено. Многу се забавував. Беше многу забавно и многу лесно да се работи со него“, заклучи Кеш.

Remote video URL
реклама

НАЈДИ МЕ - Систем за рано предупредување за исчезнати деца во Македонија

Read more

Како правилно се јаде јапонско јаболко?

Read more

Ибра: Имам толку многу пари, а брат ми не успеав да го спасам

Read more

Ретрограден Меркур им ги враќа бившите на 4 хороскопски знаци

Read more

Филм & ТВ

Ема Стоун ветува екцентрична изведба во новиот филм Poor Things

Read more

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Read more

Бредли Купер со задоволство повторно би глумел во франшизата The Hangover

Read more

Сè што е погрешно со Barbie

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Ема Стоун ветува екцентрична изведба во новиот филм Poor Things

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе
  • play_arrow

Бредли Купер со задоволство повторно би глумел во франшизата The Hangover

Читај повеќе
  • play_arrow

Сè што е погрешно со Barbie

Читај повеќе

Македонската претставничка на детската Евровизија, Тамара Грујеска, заврши на 12-то место

Читај повеќе

Бредли Купер откри каде ги поминува празниците и со тоа ги изненади сите

Читај повеќе

Поранешна манекенка го тужи Ексл Роуз за сексуален напад од пред 34 години

Читај повеќе

Кој би го препознал како студент денес еден од најдобите актери во историјата?

Читај повеќе
  • play_arrow

Трејлер за 4K ремастерираниот The Abyss на Џејмс Камерон

Читај повеќе