Како пчелите си ги одредуваат „работните места“ во колонијата?
Секоја пчела во колонијата има свое работно место. Некои се „дадилки“ и се грижат за младите, други ја чистат кошницата, трети се собирачи...
Колективно, пчелите како вид се способни да постигнат неверојатно ниво на софистицираност и организираност, иако имаат мозок колку семе сусам.
Како се врши распределбата на трудот во една колонија и како се формираат односите меѓу пчелите дознајте од ова поучно видео на National Geographic.