Како се снимаше „Мојата мајка е космонаут“ со Вилијам Болдвин во Македонија?

Македонија полека но сигурно го гради патот кон соработка со холивудските филмски ѕвезди. Започна првиот дел од снимањето на проектот „Мојата мајка е космонаут“ по сценарио и во режија на Енди Делиана.

Во проектот една од главните улоги ја игра Вилијам (Били) Болдвин, една од големите холвудски ѕвезди, заедно со Наталија Санчез, една од најпознатите актерки во моментов во Шпанија, особено со серијата „Los Serrano“, како и Стеф Досон, Џон Гросман и Мајк Хофман.

Вилијам Болдвин го знаеме и како брат на Алек Болдвин, но и по неговите улоги во филмовите Sliver, Internal Affair, Fair Game. 

„Растејќи во Њујорк во 70-тите со Thousand Crazy Brothers, повеќето од вас треба да ги познаваат браќата Болдвин. Сакам да покажам што се сметаше за нормално во начинот на кој тато нè воспита и како мама управуваше со семејството. На Instagram ги пишувам приказните и искуствата што ги доживеавме низ начинот на кој нашите родители се однесуваа и нè воспитуваа, да бидеме тука каде што сме сега“, ни кажа во паузите од снимањето Вилијам Болдвин.

Проектот се снима во Албанија, Франција и Македонија, бидејќи тука се случува дел од приказната.

„Мојата улога е на Дори, девојка која се обидува да го открие минатото на своите родители и да дознае некои лоши работи од времето на комунизмот“, изјави Наталија Санчез.

Сценографијата во филмот ја потпишува Влатко Зафирковски, додека костимограф е Жаклина Крстевска, снимател на звук е Дарко Спасевски, како дел од македонската екипа која што работи на проектот. Филмот е во копродукција помеѓу Албанија и Македонија, финансиски е помогнат од Агенцијата за филм на Р. Македонија и европскиот фонд Еуримаж, и тоа помеѓу филмските компании, Ред Хеликоптер филм и Дрим фектори од Македонија, а продуценти на филмот се Енди Делиана, Ана Каролина Делвекио, Стојан Вујичиќ и Огнен Антов.

Дрим Фектори е продукциска куќа основана од Огнен Антов во 2007 година. Во своето филмско портфолио вклучува дела на светски познати режисери како и млади режисери чие време допрва доаѓа, а кои се прикажани на најголемите фестивали во светот. Од бројните филмски остварувања на Дрим фектори е играниот филм „Џган“ во режија на Вардан Тозија, добитник на повеќе награди и учесник на преку триесетина филмски фестивали ширум светот, потоа копродукциите „Ловци на вештерки“ во режија на Рашко Миљковиќ (кој својата светска премиера ја имаше во рамките на светскиот фестивал од А категорија Торонто интернационален филмски фестивал, каде што доби награда од публиката, а досега е прикажан на педесетина фестивали меѓу кои е и Санденс филмскиот фестивал (основан од Роберт Редфорд), или „Вера сонува за морето“ во режија на Калтрина Красниќи со кој учестуваа на еден од најстарите филмски фестивали на светот Интернационален филмски фестивал во Венеција, Италија, од каде што се вратија со две освоени награди.

реклама

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Read more

Чарлс Баркли го отпиша Јокиќ

Read more

Филм & ТВ

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Read more

Netflix ги изнервира фановите на Emily in Paris

Read more

Три популарни филмови кои Бред Пит не сакал да ги снима

Read more

Елизабет Бенкс и Џесика Бил глумат сестри во новата трилер серија на Amazon

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Ирска ги згрози евровизиските гледачи: Гледавме ли сатанистички ритуал?

Читај повеќе
  • play_arrow

Кипарската Шакира воодушеви со настапот во првата полуфинална вечер на Евровизија

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Таjчи по 34 години го облече фустанот што го носеше на Евровизија

Читај повеќе

Почнува Евровизија, преставничката на Израел не излегува од хотелската соба

Читај повеќе
  • play_arrow

Netflix ги изнервира фановите на Emily in Paris

Читај повеќе
  • play_arrow

Три популарни филмови кои Бред Пит не сакал да ги снима

Читај повеќе

Елизабет Бенкс и Џесика Бил глумат сестри во новата трилер серија на Amazon

Читај повеќе
  • play_arrow

Скопје ќе биде домаќин на Светското првенство во хип хоп

Читај повеќе