Каков е планот на ЕУ за целосно одвојување од рускиот гас?

Европската комисија предложи преглед на план кој би можел да ја намали зависноста на Европската Унија од рускиот гас за две третини до крајот на оваа година и да ја направи целосно независна од руските фосилни горива пред крајот на оваа деценија.

 

„Мораме да станеме независни од руската нафта, јаглен и гас. Едноставно не можеме да се потпреме на добавувач кој експлицитно ни се заканува“, рече претседателката на Комисијата Урсула фон дер Лајен.

Европската Унија увезува 90 отсто од потребите за гас, а околу 45 отсто од Русија. Русија е исто така главен снабдувач на сирова нафта,  27 отсто од европскиот увоз доаѓа од Русија, а потоа следат Норвешка, Казахстан и САД, по осум отсто од секоја од трите земји.

Во моментов, капацитетите за складирање гас во ЕУ се пополнети околу 29 проценти

Европа со месеци се соочува со пораст на цените на енергијата, прво поради зголемената глобална побарувачка по економското закрепнување од пандемијата на COVID-19, а сега руската инвазија на Украина го влоши проблемот и создаде неизвесност за можен прекин на електричната енергија.

САД и некои членки на ЕУ бараат да се прекине увозот на енергија од Русија за да ја принудат да ја прекине војната против Украина, но некои членки на ЕУ велат дека не можат да го заменат рускиот гас за толку кратко време.

Непосредно пред инвазијата на Украина, големопродажните цени на бензинот беа за околу 200 отсто повисоки од пред една година, а исто така и цената на струјата.

Во моментов складиштата за гас во ЕУ се пополнети околу 29 отсто, што е доволно за до крајот на оваа грејна сезона. Сепак, продолжениот прекин во испораките на руски гас може да ја погоди економијата и да доведе до затворање на фабриките.

Планот на ЕУ за целосно одвојување од рускиот гас

„Треба да дејствуваме сега за да го ублажиме влијанието на растот на цените, да ги диверзифицираме испораките на гас за следната зима и да ја забрзаме транзицијата кон чиста енергија. Колку побрзо се префрлиме на обновливи извори на енергија и водород, во комбинација со енергетска ефикасност, толку побрзо ќе станеме независни и ќе го совладаме нашиот енергетски систем“, вели Фон дер Лејен.

Со цел постепено намалување на зависноста од руските фосилни горива, Комисијата предлага план наречен „REPowerEU“, кој треба да ја зајакне отпорноста на енергетскиот систем, да го диверзифицира снабдувањето со гас преку зголемување на увозот на течен гас од други добавувачи и да ја зголеми употребата на биометан и обновливите извори на водород.

„До крајот на оваа година, REPowerEU може да ја намали побарувачката на ЕУ за две третини од рускиот гас увезен минатата година“, соопшти Комисијата.

Комисијата најави дека до крајот на овој месец ќе претстави законски предлог со кој ќе се бара капацитетот за складирање гас на ЕУ да биде исполнет за најмалку 90 отсто до 1 октомври секоја година, за да се намалат неизвесностите во снабдувањето пред грејната сезона. Според проценките на Комисијата, целосната имплементација на предлог-пакетот „Подготвени за 55%“ ќе ја намали годишната потрошувачка на гас за 30%, што е околу 100 милијарди кубни метри гас до 2030 година.

План за оваа година - течен гас од САД и Катар

Увозот на гас од други добавувачи и течен природен гас од земји како САД и Катар може да замени околу 60 милијарди кубни метри гас оваа година, што е повеќе од една третина од годишниот увоз на Русија (155 милијарди кубни метри).

Новите проекти за ветер и сончева енергија би можеле да заменат 20 милијарди кубни метри руски гас оваа година, соопшти Комисијата.

Една од препораките до земјите-членки е да се оданочува дополнителната добивка на енергетските компании и да се насочат дел од така собраните средства за заштита на потрошувачите и индустријата од високите цени на струјата.

Цената на струјата во ЕУ се одредува според цените на најскапиот енергенс, гасот, иако гасот во помала мера се користи за производство на струја, поради што производителите на струја остварија неверојатно големи профити. Меѓународната агенција за енергетика проценува дека ваквиот потег може да собере околу 200 милијарди евра оваа година.

реклама

Зачин што секојдневно го користиме го зголемува ризикот од рак на желудникот

Read more

Нови цени на горивата од полноќ

Read more

Храна што треба да ја јадете за здрави црева и рамен стомак

Read more

5 солени грицки што може да ги јадете без страв од дебелеење

Read more

Бизнис

Паѓаат цените на нафтата, доларот зајакна

Read more

Португалија произведе дури 95% од струјата од обновливи извори на енергија

Read more

Како Бил Гејтс го троши богатството и што ќе им остави на децата?

Read more

Доларот зајакна во однос на повеќето други валути

Read more
 

Вести

Каракамишева: Во свечената изјава стои Македонија, а не Северна

Читај повеќе

Трамп: Бајден е опколен со фашисти во Овалната соба

Читај повеќе

Нови цени на горивата од полноќ

Читај повеќе

Лавров: Ако Западот сака решение на украинската криза на бојното поле, Русија е подготвена

Читај повеќе

Последната земја во западниот свет го укина ропството на денешен ден

Читај повеќе

Kривична за тројца тетовци, меѓу нив и директорот на ПИОМ: Со меѓусебен договор ја изиграле постапката за јавен повик, на сметка на државниот буџет

Читај повеќе

Силјановска ќе се придржува до официјалната примена на уставното име, велат од нејзиниот кабинет

Читај повеќе

ЕУ скандал: Европол хакиран, доверливи информации се на продажба

Читај повеќе

Паѓаат цените на нафтата, доларот зајакна

Читај повеќе