Kакви промени ќе се случат во телото ако ја исфрлите солта од исхраната?

Да се ​​најде нешто без сол во продавница изгледа како вистински предизвик. Затоа, не е чудно што често ја надминуваме препорачаната дневна доза уште со појадокот.

Дознајте во продолжение какви промени би можеле да доживеете доколку ја исфрлите солта од исхраната.

Ќе престане да ве боли главата

 

Ако страдате од мигрена, добрата вест е дека диетата DASH со малку сол е успешен третман за овој проблем. Истражувањата покажуваат дека намалувањето на внесот на сол доведува до помалку епизоди на мигрена.

Повеќе нема да бидете подуени

Надуеноста има многу причини, а една од нив е солената храна. Исхраната богата со сол придонесува за задржување на водата. Затоа, проблемот со надуеност би можел да исчезне ако јадеме помалку сол.

Ќе бидете помалку жедни

Дали забележавте дека чувствувате жед кога јадете нешто солено? Со внесување на течност, телото го подобрува односот на натриум и вода во телото. Кога ќе го намалите внесот на сол, ќе бидете помалку жедни и нема да треба толку често да одите во тоалет.

Ќе бидете полоши во спортување

Исхраната со малку сол има и свои недостатоци. Според едно истражување, јадењето солени јаткасти плодови може да биде многу корисно за маратонците. Во истражувањето учествувале две групи спортисти. Првата група испила пијалок со додадена сол, а другите без. Учесниците кои земале сол ја завршиле трката во просек 26 минути пред оние кои не консумирале сол.

Ќе го намалите крвниот притисок

Светската здравствена организација препорачува внесување на помалку од пет грама сол дневно за нормализирање на крвниот притисок. Солта предизвикува задржување на водата. Луѓето кои јадат премногу сол имаат вишок вода во телото, што врши притисок врз крвните садови и го зголемува крвниот притисок. За среќа, ако јадете помалку сол, вашиот крвен притисок ќе се подобри.

Ќе имате помали шанси да се разболите

Намалувањето на внесот на шеќер и сол го спречува развојот на дијабетес тип 2 и кардиоваскуларни проблеми. Се покажа дека вишокот натриум промовира хипертрофија на левата комора, како и фиброза (задебелување и лузни) во срцето и артериите. За да се намали ризикот од срцева слабост или мозочен удар, Американското здружение за срце се залага за намалување на натриумот во исхраната.

Тагови
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Здравје

Што ни се случува во телото ако не јадеме доволно зеленчук?

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Дали не смеете да јадете црвено месо?

Read more

Зошто не е добра идеја да пиете кафе после јадење?

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Читај повеќе
  • play_arrow

Стегнете се до лето: Брз тренинг за затегнати раце

Читај повеќе

Што ни се случува во телото ако не јадеме доволно зеленчук?

Читај повеќе

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Читај повеќе

Време е да научите како паметно да се расправате во врската

Читај повеќе

Дали не смеете да јадете црвено месо?

Читај повеќе
  • filter

Фараоновото проклетство: Дали прерано ќе умре оној кој ќе ја отвори гробницата?

Читај повеќе

Зошто не е добра идеја да пиете кафе после јадење?

Читај повеќе

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Читај повеќе