Камчев останува во притвор, судот ја одби понудената гаранција

Бизнисменот Јордан Камчев останува во притвор во затворот „Скопје“ во Шуто Оризари, откако Кривичниот совет при Основниот кривичен суд ја одби понудената гаранција.

Како што потврдуваат од Основниот кривичен суд во Скопје, Камчев, кој е обвинет во случајот „Плацови на Водно“, на ваквата одлука има право на жалба во рок од три дена до Апелација.

Бранителот на Камчев, адвокатот Еленко Миланов, минатата недела на прес-конференција информираше за понудената гаранција за тој да се брани од слобода – недвижен имот од нешто над милион и седумстотини илјади евра и готовински парични средства од 200 илјади евра, истовремено реагирајќи дека во постапката по редоследот на обвинителниот акт неговиот клиент Јордан Камчев е петтообвинет и единственото лице коешто во изминативе пет-шест месеци се наоѓа во притвор.

Случајот „Плацови на Водно“ го води судијата Илија Трпков, а застапник на обвинението е обвинителката Лиле Стефанова.

Според обвинението, поранешниот премиер кој е во бегство, Никола Груевски, е обвинет за делата „перење пари и за противправно стекнување и прикривање на имот“, неговиот кум Ристо Новачевски, бизнисмените Ненад Јосифовиќ, Јордан (Орце) Камчев и Ратка Куновска Камчева се товарат за „перење пари“, а првиот братучед на Груевски и поранешен директор на УБК, Сашо Мијалков, е обвинет за „помагање при кривично дело перење пари и други приноси од казниво дело“.

Тагови
реклама

Балканско-Кавкаска песна на Евровизија

Read more

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Read more

Македонија

Бојан Јовановски за пријавата од Кичеец: Ова е почеток на една битка со цела криминална банда

Read more

Ден пред двојните избори гласаат болните и изнемоштените лица, затворениците и дијаспората

Read more

Доаѓа нестабилно време со пороен дожд и грмежи

Read more

Мицкоски: Да излеземе да гласаме, за да не можат да нѐ уценуваат никогаш повеќе

Read more
 

Вести

Бојан Јовановски за пријавата од Кичеец: Ова е почеток на една битка со цела криминална банда

Читај повеќе

Советот на Европската Унија го усвои планот за раст за Западен Балкан

Читај повеќе

Претепани политичари во Германија, граѓаните излегоа на улица

Читај повеќе

Ден пред двојните избори гласаат болните и изнемоштените лица, затворениците и дијаспората

Читај повеќе

Русија најави вежби за тактичко нуклеарно оружје: Одговараме на провокациите

Читај повеќе

Тешка сообраќајка кај Влае – има повредени, едното возило преполовено

Читај повеќе

Студентски протести за Газа почнаа во Белгија и Холандија

Читај повеќе
  • play_arrow

Што да очекуваме по денешната инаугурација на Путин?

Читај повеќе

Италија: Лани лично го предупредивме Зеленски, контраофанзивата беше грешка

Читај повеќе