Каменос: Нема да има решение за името

Атина, 22 мај 2018 (МИА) - Решение нема да се најде, вели министерот за одбрана на Грција и коалициски партнер во грчката влада Панос Каменос во интервју за радиото „Алфа989“.

Лидерот на Независни Грци уште еднаш ја повтори позицијата дека неговата партија нема да гласа за сложено име со терминот Македонија, без разлика дали, како што рече, ќе се вика „Илинден, Свети Илија, дали ќе се вика Горна, дали ќе се вика Долна, Вардарска Македонија, тоа е Македонија“.

- Верувам дека нема да се најде решение. Верувам дека нема да се најде бидејќи самите Скопјани го имаат убедено нивниот народ во еден мит што го изгради Тито и што се врти околу името Македонија. Јас имам јасна позиција, нема никогаш да гласам за име што го содржи терминот Македонија. Независни Грци ова го имаат во основачката прокламација, ние нема шанси да гласаме кое и да е името дали Горна, Долна, Свети Илија, рече Каменос во интервјуто.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, коалицискиот партнер во грчката влада, рече дека предуслов за договор е да се направат уставни промени кај нас, за кои изрази став дека не би поминале во македонското собрание.

- Позицијата на владата е дека нема да има никакво гласање и ратификација на договорот во грчкиот парламент, ако не помине уставна промена во собранието на Скопје, потенцираше министерот за одбрана на Грција и индиректно, им стави крај на преговорите и покрај тоа што задутре, шефовите на македонската и грчката дипломатија ќе одржат нови средби со медијаторот Нимиц во Њујорк.

- Грција водеше преговори, ја доби играта на меѓусебни обвинувања (blame game), покажа дека Грција не е таа што го турка Скопје, самите си се самоубиваат, самите одлучуваат дека не го менуваат нивниот Устав. Штом не го менуваат нивниот Устав, запира секаков разговор, додаде Каменос во интервјуто, пренесе МИА.

Тој говореше и за шефот на грчката дипломатија во однос на тоа дека добро ги води преговорите и што успеал да направи, споменувајќи дека соседите прифатиле дека се словенска нација, но и ги тргнале спомениците.

- Министерот за надворешни работи, успеа конечно да им ги симне спомениците, таа лудост, како италијанска комедија беше. Го ставија Александар Велики на коњ поголем од вселенски брод, па имаа ставено знаци на аеродроми, на улици на пластични кутии на производи, добро е, ги тргнаа, ги симнаа. Тоа е еден чекор. Втор чекор, мислам дека е, што конечно, во меѓународните преговори, прифаќаат дека се една словенска нација, еден народ кој потекнува од Словените кој живее во тој регион, рече Каменос.

Прашан за последниот предлог „Република Илинденска Македонија“, уште еднаш повтори дека не прифаќа име со вклучен терминот Македонија, а ситуацијата со нашата земја ја спореди со островот Аруба на Карибите.

- Илинден го поврзуваат со една битка... Сте биле на Аруба? Тоа е остров во Карипското море и бидејќи луѓето немале ништо да кажат за нивната историја, најдоа една карпа како мост, и го направија национален споменик, но падна карпата и со тоа беше уништен националниот споменик. Вака некако е и ситуацијата во Скопје, објасни министерот за одбрана на Грција, коалициски партнер во грчката влада и претседател на Независни Грци.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Регион

ЕУ ќе му даде на Западен Балкан помош од две милијарди евра до 2027 година

Read more

Атина обвиена во сахарска прашина - личи на колонија на Марс

Read more

Стејт департмент: Властите во Бугарија продолжија да негираат регистрација на етничко-македонски активистички групи

Read more

Европскиот парламент одобри визна либерализација за Србите од Косово

Read more
 

Вести

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Читај повеќе

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Читај повеќе

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Читај повеќе

Османи победи во Торонто

Читај повеќе

Ганиу до Груби: Терапијата ти ја препишува д-р Арбен, ќе ја примиш на 8 мај

Читај повеќе

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Читај повеќе
  • filter

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Читај повеќе

Над 100 кг кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија

Читај повеќе

Лукашенко: Украина набргу ќе престане да постои ако не се согласи на преговори

Читај повеќе