Кан: Премногу насилство во филмот на Фон Трир, публиката масовно заминуваше од салата

Стотина филмски критичари ја напуштија салата каде се одвиваше проекцијата на најновиот филм на режисерот Ларс фон Трир „The House That Jack Built“, во рамките на Канскиот филмски фестивал.

Сцените со насилство беа толку сурови и живописни, што публиката не можеше да изржи.

Данскиот режисер најави дека ова ќе биде неговиот најнасилен филм досега, а тоа се потврди и со масовното заминување на публиката од салата.

Филмот ја следи животната приказна на Џек, сериски убиец кој им ги одзел животите на најмалку 60 луѓе.

Со тек на време Џек смислува сѐ поболни методи за убивање на жртвите, а од сцените кои најмногу ја згрозија публиката се издвојуваа убиствата на деца.

Публиката почна масовно да заминува по сцените во кои Џек пука во две мали деца со снајпер и им ги разнесува главите и по сцената во која ѝ ја отсекува дојката на една од жртвите.

Критичарите кои ја напуштија проекцијата на филмот пред крајот, го изразија своето мислење на Twitter.

„Си заминав од премиерата на филмот на Ларс фон Трир. Ужасен филм што не требало да биде снимен. И актерите се виновни“, напиша критичарот Роџер Фридман.

Сајтот The Oscar Predictor објави дека филмот е одвратен, претенциозен и дека „тера на повраќање“.

Критичарот на „Variety“ напиша дека тоа било едно од најнепријатните искуства во неговиот живот.

Оние што останаа до крајот на проекцијата аплаудираа со овации шест минути. Критичарот на „Variety“ рече дека тоа се луѓе кои би аплаудирале на сѐ.

реклама

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Read more

Чарлс Баркли го отпиша Јокиќ

Read more

Филм & ТВ

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Read more

Netflix ги изнервира фановите на Emily in Paris

Read more

Три популарни филмови кои Бред Пит не сакал да ги снима

Read more

Елизабет Бенкс и Џесика Бил глумат сестри во новата трилер серија на Amazon

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Ирска ги згрози евровизиските гледачи: Гледавме ли сатанистички ритуал?

Читај повеќе
  • play_arrow

Кипарската Шакира воодушеви со настапот во првата полуфинална вечер на Евровизија

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Таjчи по 34 години го облече фустанот што го носеше на Евровизија

Читај повеќе

Почнува Евровизија, преставничката на Израел не излегува од хотелската соба

Читај повеќе
  • play_arrow

Netflix ги изнервира фановите на Emily in Paris

Читај повеќе
  • play_arrow

Три популарни филмови кои Бред Пит не сакал да ги снима

Читај повеќе

Елизабет Бенкс и Џесика Бил глумат сестри во новата трилер серија на Amazon

Читај повеќе
  • play_arrow

Скопје ќе биде домаќин на Светското првенство во хип хоп

Читај повеќе