Канчевска-Милевска ги обвини СДСМ и СЈО за „политички театар“

Се прави политички театар од страна на најголемата опозициска партија СДСМ, кој го изведува спроведува Специјалното јавно обвинителство (СЈО) изјави за новинарите министерката за култура Елизабета Канчевска-Милевска откако на распит во Основниот суд Скопје 1 Скопје даде исказ во врска случајот „Тендери“ во кој таа е првоосомничена. 

Според сознанијата на медиумите, Канческа-Милевска влегла во судот од задниот влез што го користат вработените, во придружба на адвокатот Никола Додевски, кој е бранител и на поголем дел од осомничените функционери во истрагите што ги води СЈО. Во Судот е и обвинителката од СЈО, Фатиме Фетаи.

Основниот суд треба да одлучи дали на Канческа - Милевска ќе и биде одземен пасошот, мерка на претпазливост што ја бара СЈО. Судот нема рок до кога треба да донесе одлука дали ќе го прифати барањето бидејќи не се бара притвор, туку мерки за претпазливост. Одлука може да биде донесена денеска најдоцна до 16 часот, односно до крајот на работниот ден судот треба да соопшти дали донел одлука, или, пак, во понеделник, за одземање на пасошот на Милевска, како што бара СЈО, бидејќи изразува сомневање дека може да побегне. Судот, исто така, треба да каже дали министерката со судска одлука ќе мора секој вторник во 10 часот да се појавува во судот.

СЈО бара осомничените за коишто се бараат мерки за претпазливост да се јавуваат еднаш неделно, секој вторник во 10 часот кај определено службено лице во Основниот суд Скопје 1 Скопје.

Освен тоа СЈО бара да им се одземе патната исправа поради постоење на околности кои упатуваат на опасност од бегство.

Случајот „Тендери“ се однесува на изведување на градежни работи на Музејот за македонска борба и државност, од страна на градежното претпријатие „Бетон“, кое било фаворизирано, осомничена е Канческа - Милевска и тројца членови на Комисија за јавни набавки од министерството. СЈО ги товари дека го оштетиле буџетот за над еден милион евра.

Пред да се објави оглас за услуги спротивно на принципите на конкуренција, пред да се донесе одлука за тоа првоосомичнената донела одлука кој да ја добие и да ја заврши работата.

Сведок за овој случај е тогашен генерален директор на „Бетон“ Штип и вели дека добил можност да ги продолжи работите каде веќе работеле на други изведби, а да не се чека 20 дена за да се објави новиот оглас за новите градежни работи. Отпосле биле објавувани огласи, бил потпишуван договор, а „Бетон“ веќе ги изведувал работите.

Договорено било во огласот да се предвидат услови што може само Бетон да ги исполни. Биле исплатени близу еден милион евра на сметка на „Бетон“, за изведба на овие градежни зафати, или 54.501.336 денари.

Министерката за култура Елизабета Канческа - Милевска, по објавата на истрагата изјави дека сите предмети се чисти како солза.

Таа, на прес-конференција покажа документација, со која, смета дека докажала дека постапката за изведба на партерното уредување околу музејот, паркингот и гаражирањето и сообраќајниот пристап, кои се дел од договорот број 10, е транспарентна и навремена.

„Сите проекти се согласно законите, и се одобрени за функција. Сите премети се чисти како солза. Ќе го поткрепам со аргументи со докази во однос на предметот кој беше кажан на прес-конференцијата на Специјалното јавно обвинителство“, рече Канческа – Милевска.

реклама

Балканско-Кавкаска песна на Евровизија

Read more

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Read more

Македонија

Доаѓа нестабилно време со пороен дожд и грмежи

Read more

Мицкоски: Да излеземе да гласаме, за да не можат да нѐ уценуваат никогаш повеќе

Read more

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Мисајловски: На 8 мај да ставиме печат на историската победа

Read more
 

Вести

Русија најави вежби за тактичко нуклеарно оружје: Одговараме на провокациите

Читај повеќе

Тешка сообраќајка кај Влае – има повредени, едното возило преполовено

Читај повеќе

Студентски протести за Газа почнаа во Белгија и Холандија

Читај повеќе

Што да очекуваме по денешната инаугурација на Путин?

Читај повеќе

Италија: Лани лично го предупредивме Зеленски, контраофанзивата беше грешка

Читај повеќе

Цените на нафтата се задржаа над 83 долари

Читај повеќе

Доаѓа нестабилно време со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе

Мицкоски: Да излеземе да гласаме, за да не можат да нѐ уценуваат никогаш повеќе

Читај повеќе

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Читај повеќе