Катар вторпат по ред е освојувач на Азискиот куп, овојпат како домаќин, откако во денешното финалето го совлада Јордан со 3:1, најпријатното изненадување на турнирот, благодарение на трите гола на Акрам Афиф, напаѓач чиј изглед и пред сѐ бушавата фризура неодоливо потсетува на Мохамед Салах.

Пред 86.500 гледачи на „Лусаил“ стадионот, домаќинот го отвори резултатот во 22. минута со првиот пенал Афиф, досуден откако Абдала Насиб несмасно го нагази токму Афиф. Кинескиот судија Ма Нин првично не свирна пенал, па од ВАР собата му сигнализираа дека треба да ја погледне снимката.
Јорданците беа рамноправен противник и создадоа неколку добри шанси, а израмнувањето конечно стигна во 67. минута кога Јазан Ал Наимат биеше неодбранливо. Интересно, Ал Наимат на клупски план игра токму во Катар, во Ал Ахли од Доха.
Кратко траеше радоста на Јордан бидејќи 6 минути подоцна Махмуд Ал Марди направи хокеарски фаул над Исмаил Мохамед за втор пенал. Нин повторно гледаше на ВАР, а Афиф беше сигурен реализатор.
Јордан се обиде да се врати во игра, но Мешаал Баршам успешно го чуваше својот гол. Потоа во 5. минута од 13-те надополнување Катар доби и трет пенал, пак со ВАР, а овој пат виновник беше голманот Јазид Абу Лајла кој го сруши - кој друг ако не - Афиф. И по трет пат Катарскиот Салах беше сигурен пеналџија, овој пат ставајќи точка на финалето.
По секој гол Афиф прославуваше изведувајќи магионичарски трик.
Ова е второ злато за Катар, по 2019 година и турнирот во ОАЕ, кога во финалето ја совлада Јапонија со 3:1, а Афиф и тогаш постигна гол од пенал. Јордан првпат играше финале и за жал ја вкуси горчината на поразот.
Акрам Афиф со хет-трикот стана и најдобар стрелец на турнирот, минувајчи го Ирачанецот Ајмен Хусеин со 6 гола. Афиф има 8. Воедно, Афиф е прогласен и за нјадобра играч на турнирот, додека Мешаал Баршан за најдобар голман.
Афиф 4 години беше под договор со Виљареал, од 2016 до 2020, но ниту еднаш не заигра за „Жолтата подморница“, туку беше праќан на позајмици во Спортинг Хихон, Еупен и Ал Сад, како е и денес.
Катар до втората титула дојде откако во групата ги совлада Либан (3:0), Таџикистан (1:0) и Кина (1:0), а потоа во нокаут-фазата Палестина (2:1), Узбекистан на пенали (1:1, 3:2), Иран (3:2) и на крајот Јордан (3:1).
Јордан имаше многу потежок пат до финалето откако во групата заврши трет и помина како една од четирите најдобри третопласирани. Почна со победа над Малезија (4:0), па реми со Јужна Кореја (2:2), а загуби од Бахреин (0:1). Во нокаут-фазата со епски пресврт го исфрли Иран (3:2), па Таџикистан (1:0) и во полуфиналето Јужна Кореја (2:0).
Наредниот Азиски куп ќе се игра во Саудиска Арабија во 2027 година.