Ќе се раскинат договорите со вработените по Рамковен ако одбијат две опции

Доколку некој од вработените според Рамковниот договор, кои сега седат дома и примаат плата, двапати одбие опција за ангжаман што ќе му биде понуден за работа во некоја од институците, ќе му биде раскинат работниот однос, најави денеска министерот за информатичко општество и администрација Јетон Шаќири.

Одговарајќи на новинарски прашања, Шаќири појасни дека целта на нацрт-законот за систематизација на административните службеници за вработените преку програмата за правична и соодветна застапеност (К5), усвоен на 26. седница на Владата, е да се реши десетгодишниот проблем и да се оствари владината програма без дополнителни финансиски импликации. По усвојување на законот, министерствата за политички систем и за информатичко општество ќе ги вкрстат податоците и ќе подготват список, при што, како што рече, ќе се земат предвид професионалната подготовка на сите кандидати и годишните планови на институциите за 2021 година.

– Јас би посакал за сите вработени кога ќе се подготви програмата за префрлање да се има предвид и нивната професионална подготовка и локациите од кои доаѓаат. Истовремено, по подготвување на списокот, тие што нема да прифатат, според нацрт-законот, ќе се префрлат во трансфер листата на Министерството за информатичко општество. Во таа трансфер листа ќе се понуди и втора опција, но ако не го прифатат и тоа, ќе се раскине работниот однос на тие што нема да го прифатат и вториот предлог. Ова е добар нацрт-закон и сите треба да имаме предвид дека е решавање на долгорочен проблем, рече Шаќири.

Посакува на трансфер-листата да има што помалку вработени и процесот да заврши во првата фаза и најавува дека со новите законски решенија ќе се објасни временскиот рок, односно колку време максимум овие лица ќе можат да бидат на листата.

– Колку време тие ќе стојат МИОА после првата фаза ќе настојува и во другите институции веднаш да се комуницираат и за второто нивно распределување. Истовремено сме во подготовка и на новиот закон за вработени во јавната администрација и во јавниот сектор и тука ќе се предвиди временскиот рок, но после второто одбивање на работата ќе се прекине работниот однос помеѓу нив и ќе се во трансфер-листата, појасни Шаќири.

Во однос на префрлувањето на вработените од јавната администрација во приватниот сектор  информираше дека сѐ уште се подготвува програмата, со која што, како што нагласи, ќе се има предвид никогаш да не биде на товар на вработените во јавниот сектор. Во овој сектор сега се вработени околу 135.000 лица, но бројката е променлива.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Македонија

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Read more

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Read more

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Read more

Променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи

Read more
 

Вести

Возач удри во електричен тротинет, тешко повреден малолетник

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Читај повеќе
  • play_arrow

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Читај повеќе

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Читај повеќе

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Читај повеќе

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Читај повеќе

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Читај повеќе

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Читај повеќе