Кевин Спејси има порака до луѓето со суицидни мисли во празничната сезона

Актерот Кевин Спејси, кому Холивуд му сврти грб откако Ентони Рап го обвини за сексуален напад во 2017 година, вчера сподели двеминутно видео во кое им ветува надеж на сите што размислуваат за самоубиство.

Актерот ги замоли луѓето кои имаат суицидни мисли да не го прават тој чекор и да побараат помош.

„Ако се наоѓате во позиција во која не можете веќе да останете, ако страдате и ви треба помош, ако чувствувате вина или срам, ако се борите со вашиот идентитет, ако ве туркаат во тесно или чувствувате дека нема излез, без оглед твојата ситуација, ти ветувам дека има начин и дека во ова време, за време на празниците и подоцна, дури и ако не го чувствуваш тоа, има луѓе кои разбираат и можат да помогнат“, вели Спејси во видеото.

„Не сте сами“, рече тој.

Спејси сподели дека многумина му се обратиле во 2020 година и му кажале за своите премрежја.

„Мојата способност да бидам таму за нив е навистина можна само поради моите лични тешкотии“, рече вездата.

„И иако ми беше чест да дадам поддршка, морам да кажам, искрено, тоа е над моите можности. Поголемо е од мене“, додаде тој.

Откако Реп прв го откри наводниот напад што му се случил кога имал 14 години, десетици мажи излегоа со слични обвинувања против Спејси. Актерот негираше какво било незаконско постапување.

Видеото завршува со упатување на бројот на телефонската линија за спречување самоубиства и ветувањето на Спејси на гледачите дека „ќе биде подобро“.

Remote video URL

Ова видео на Спејси, иако чудно со оглед на неговата ситуација, сепак е негов придонес кон зачувување на менталното здравје и во конструктивна насока по ланското бизарно божикно видео.

реклама

Поранешен ФБИ агент советува како да ги заштитиме децата од предатори

Read more

Куче паднало во шахта и ги изгризало каблите за интернет на две болници: ЦУК за невообичаената акција во Скопје

Read more

Како сами да направите антицелулитно масло?

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Филм & ТВ

Netflix ги изнервира фановите на Emily in Paris

Read more

Три популарни филмови кои Бред Пит не сакал да ги снима

Read more

Елизабет Бенкс и Џесика Бил глумат сестри во новата трилер серија на Amazon

Read more

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Netflix ги изнервира фановите на Emily in Paris

Читај повеќе
  • play_arrow

Три популарни филмови кои Бред Пит не сакал да ги снима

Читај повеќе

Елизабет Бенкс и Џесика Бил глумат сестри во новата трилер серија на Amazon

Читај повеќе
  • play_arrow

Скопје ќе биде домаќин на Светското првенство во хип хоп

Читај повеќе
  • play_arrow

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Читај повеќе

Како изгледа денес Роуз која го демнеше Чарли во Two and a Half Men

Читај повеќе

Пенелопе Крус важи за една од најубавите актерки, со години е на посебна диета

Читај повеќе
  • play_arrow

Новиот Lion King ја раскажува приказната за Муфаса

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе