Актерката Хали Бери ќе му се придружи на Марк Волберг во снимањето на „Our Man from New Jersey“, филм на Netflix.
Волберг исто така работи на продукција на филмот заедно со Стивен Левинсон. Не се познати многу детали за филмскиот проект, освен тоа што станува збор за шпионски филм во стилот на Џејмс Бонд.
Ова звучи познато за Бери, со оглед на тоа што се појави во „Die Another Day“ со Пирс Броснан во 2002 година.
Новиот проект дополнително ќе ја продлабочи врска на Хали со Netflix, кој неодамна го откупи нејзиното режисерско првенче „Bruised“ и го прикажува на платформата. Бери е исто така дел од филмот, кој премиерно беше прикажан на филмскиот фестивал во Торонто минатата година.