Хаос во Европа: Масовна евакуација поради шумски пожари, има и починати

Б.С.Б.
/ 08.08.2021 / 10:00

Во Грција, Турција, Албанија, Русија, Италија и во Македонија и понатаму беснеат шумски пожари. Најдраматична е ситуацијата во Грција, каде огнената стихија одзеде повеќе човечки животи.

Во последните 30 години ова се најлошите пожари во Грција. Две лица настрадаа, а 20 се повредени, додека во повеќе региони е прогласена кризна состојба. Пожарникарите во Грција се борат со над 150 шумски пожари. Меѓу првите жртви е пожарникар-волонтер.

Најтешко е во населбите околу Атина, каде се води борба за секоја куќа. Силните ветрови и екстремно топлото време ги отежнуваат напорите на ангажираните 700 пожарникари, локални жители и засилувањето од Кипар, Франција и од Украина. Евакуирани се илјадници луѓе, уништени се домови, автомобили, фабрики.

URL

Стотина луѓе ги напуштија домовите на островот Евија. Гори и Пелопонез.

„Ангажираме сè што можеме во гаснењето на пожарите кои брзо се шират. Сите запалени подрачја повторно ќе бидат пошумени. Владата ќе ја промени политиката за заштита од пожари и поплави“, изјави грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис.

Во Турција се евакуирани повеќе од 36.000 луѓе. На југот на земјата пожарникарите контролираат околу 20 пожари, но и понатаму има 12 жаришта на брегот на Средоземното и Егејското Море. Настрадаа 8 лица, а илјадници ги напуштија домовите.

Remote video URL

Повеќе од три милиони хектари шума изгоре во 250 шумски пожари во Русија, нешто што не е забележано во последните 100 години. Во Сибир се евакуирани неколку села.

Пожари беснеат и на југот на Италија, каде се активни стотина пожари, поточно на Сицилија и Калабрија. Сицилија прогласи шестмесечна вонредна состојба поради пожарите.

реклама

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Балканско-Кавкаска песна на Евровизија

Read more

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Read more

Свет

Путин издаде наредба: Вооружените сили на Русија ќе вежбаат употреба на нуклеарно оружје

Read more

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Read more

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Read more

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Read more
 

Вести

Мицкоски: Да излеземе да гласаме, за да не можат да нѐ уценуваат никогаш повеќе

Читај повеќе

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Читај повеќе

Мисајловски: На 8 мај да ставиме печат на историската победа

Читај повеќе
  • play_arrow

Димитриевски: Го поддржав Пендаровски во минатиот мандат, но истата грешка нема да ја повторам

Читај повеќе

Ахмети: Албанците не го оспоруваат идентитетот на Македонците

Читај повеќе

Велосипедист тешко повреден во сообраќајка во Охрид

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје поради денот на полицијата

Читај повеќе

Снопче ги праша ДУИ: Со која партија ќе формирате влада и зошто не го поддржувате Пендаровски во вториот круг?

Читај повеќе
  • play_arrow

Мојсоска: Усеини од ДУИ доби 500.000 евра од ДПМНЕ во Охрид

Читај повеќе